Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, целосно го отпиша тимот од битката за титулата во Англија.„Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кои се со меч помалку.
– Тоа што сме толку далеку значи дека не нè интересира што прават Ливерпул. Подобро е да се концентрираме на тоа како можеме да ги подобриме нашите резултати во лигата и на други натпреварувања, рече шпанскиот стручњак.
Тој коментираше и за неговата иднина. Веќе некое време, неговото име е поврзувано со заминување од „Етихад“ по крајот на сезоната, но Гвардиола негираше слични намери.
– Ако не бидам отпуштен, јас останувам на 100%. Не затоа што ги победивме нашите последни два натпревари, туку затоа што се подобривме во последните месеци. Дури и кога има лоши периоди и нема да бидеме во Лигата на шампионите, јас нема да заминам. Како менаџер, имате добри и лоши периоди. Не можете секогаш да победувате. Но, сè е до тоа што правиш на следниот натпревар и како можеш да се подобриш, додаде Гвардиола.