Уште еден во долгата низа лицемерни постапки, овој пат, гледаме кај Влатко Ѓорчев, пратеник во Собрание и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја темели својата кампања веќе две години на негирање на уставното име на нашата земја.
Ѓорчев очигледно нема проблем со употреба на името Северна Македонија, кога станува збор за плати, дневници и други бенефиции и службени патувања, во случајов, дури до Америка. Во прилог на ова говори неговата писмена комуникација со лого, меморандум и своерачен потпис во кои тој, иако јавно го негира, нема никаков проблем да го употреби името Република Северна Македонија.
Ако се потсетиме на една изјава на Ѓорчев: „Ќе помине и овој темен облак над Македонија. Над Македонија ќе се роди ново Сонце на слободата“ – очигледно на Ѓорчев му светнало новото сонце на Северна Македонија, а не на ФИРОМ.
Ако толку се противат на името, ќе направеа нешто повеќе од ова. Но, затоа овие постапки и се нарекуваат лицемерие. Едно зборува во Радовиш, друго во Собрание, веројатно, нешто сосема трето надвор од државата.
Б. Ј.