ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со претходница ќе се договара законот за Јавно обвинителство

Заев се обидува да обезбеди двотретинско мнозинство за законот за ЈО; а утре на средба меѓу Маричиќ од СДСМ и Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, се очекува приближување на ставовите. Но, дали ќе има договор, останува да видиме.

January 20, 2020 16:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве останува да видиме дали владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се договорат за новиот предлог за законот за Јавно обвинителство, за кој е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Откако за утре најавија средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, како претставници на лидерите на двете најголеми партии, се очекува тие да се договорат како да продолжи дијалогот.

Од СДСМ брифираа дека таква средба ќе има, а од опозициската партија ја потврдија средбата, но нагласија дека тоа не значи дека ќе има договор со власта за законот. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека низ разговори би можело да дојде до приближување на ставовите, но доколку има отстапки од владејачката партија.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес- конференција изјави дека почнал да разговара и се труди да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за носење на Законот за Јавно обвинителство.

„Ќе бидам среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, да ни се придружи и да го олесни патот за негово донесување, но верувам како општество, како држава, како Парламент треба до 11 февруари – денот пред распуштање на Парламентот да се обидеме да гласаме за законот. Тоа би била важна работа завршена за граѓаните и пред сè силна алатка и инструмент на европскиот комесар, за земјите-членки на ЕУ на идните состаноци на Европскиот совет, за донесување на толку долго очекуваната одлука за датум за почеток на преговорите“, подвлече Заев на прес-конференција.

„И да, ќе се обидам прво да разговарам со осумте пратеници за да обезбедам двотретинско мнозинство, но сакам да ги растоварам токму нив од таа одговорност. Тие ја чувствуваат одговорноста заради тоа што гласаа за интеграциите во НАТО и ЕУ, но одговорноста би била поголема на нас поголемите политички партии за да застанеме зад ова решение“, вели Заев.

Со новиот предложен закон, се зголемува тимот на обвинители во организиран криминал и се планира ова обвинителство да ја преземе надлежноста од СЈО, а за ВМРО-ДПМНЕ, спорно е дека обвинителството на Вилма Русковска ќе ги преземе надлежностите врз поранешното СЈО, а специјалните обвинители и понатаму ќе постапуваат по предмети предадени од јавното обвинителство.

Спорен е и изборот на нови обвинители во Организиран криминал и корупција, преку оглас, во рок од месец и половина од донесувањето на законот.

Во однос на забелешките изнесени вчера од Христијан Мицкоски и до каде СДСМ е подготвен да направи компромис, Заев рече дека очекува тие да гласаат и да го поддржат законот.

„Ние сме подготвени да одиме сè дотаму додека тоа е дозволено согласно нашиот правосуден систем и рамката што ја носи Европската Унија, а тоа значи политичарите да не бираат обвинители, тоа значи дека не смееме да дозволиме одредени критериуми поради желба на политички партии дали се од власта или од опозиција да ги надминат црвените линии дозволени со европската регулатива. Тие законски решенија се дел од пакетот судски реформи, но и се дел на она што значи адаптирање на Северна Македонија со европската легислатива во областа правосудство“, истакна Заев.

Доколку е потребно за ова да се разговара и на лидерска средба, Заев нема проблем, но Мицкоски вчера рече дека законот за Јавно обвинителство треба да произлезе од европски, реформски закон, по претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба.

За усвојување на законот за Јавно обвинителство потребна е подршка од 80 пратеници. Иако не е услов за почнување преговори со ЕУ, сепак пораките секогаш беа дека мора да се работи на негово донесување.

Законот за ЈО уште од јули минатата година е влезен во собраниска процедура.

Б. Богдановска

Next Post

Царина: „Блацион ДОО “ не увезувала отпад, се подига степенот на контрола

Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk