ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И овие избори на плеќите на Преспанскиот договор

Целата демократската јавност, со сите политички и граѓански демократски капацитети треба да гарантира дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за Македонија, иднина што значи членство во НАТО и преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

January 21, 2020 16:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се погласни се најавите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во предизборието за ревидирање на Договорот од Преспа, со кој на Република Северна Македонија ѝ се овозможи членство во НАТО, а ѝ го отвори и патот кон Европската Унија.

Со овој Договор се реши речиси тридецениски спор со Грција, при што на името Македонија се додаде придавката Северна.

Во неколку наврати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека доколку на предвремените парламентарни избори во април годинава, неговата партија ја добие власта (со најмалку 80 пратеници), тие ќе го менуваат договорот. Никогаш до крај не објасни, што значи тоа.

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се директна закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата. Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот“, истакна денеска Костадин Костадинов портпарол и пратеник на СДСМ.

„Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно. Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО? Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО“, додаде Костадинов.

Тој ја повика целата демократската јавност, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантира дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја, иднина што значи членство во НАТО и преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Секако, Преспанскиот договор, постигнат пред нешто повеќе од две години, забележително е една од главните точки на препукување во предизборието, а најверојатно ќе биде топ тема до 12 април, а и потоа.

Иако со овој договор се отвори патот за членството на земјата во НАТО и за почеток на преговорите со Унијата, за очекување е дека власта и опозицијата и во оваа изборна кампања ќе се надмудруваат за неговите предности и слабости.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера изјави дека укинувањето на Договорот од Преспа со Грција, кое го најави ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде опасно и може да ја врати земјата 25 години назад, иако пак, не верува во победата на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, а уште помалку дека партија ќе освои 2/3 мнозинство во парламентот за евентуално да може да интервенира во Договорот.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции“, додаде Заев вчера на прес-конференција.

Речиси експресно, одговор стигна од ВМРО-ДПМНЕ, преку нивниот потпретседател Владо Мисајловски, кој рече дека тие не се закануваат, туку го кажуваат она што го мислат граѓаните и тие како политички субјект.

„Не се закануваме по никого сакаме да имаме пријатели насекаде, но се разбира не треба да се срамиме од тоа што сме и никогаш нема да се срамиме. Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци каде и да сме“, изјави Мисајловски.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ, на Референдумот за името во 2018 година, некаде пред 30 септември, премолчано го прифати Преспанскиот договор, иако во позадина работеше на бојкотирање на целиот референдумски процес: Се чини дека опозицијата водеше кампања како да се оди на парламентарни избори, а воедно водеше и кампања за бојкот на теренот.. “ (Жестоко спротивставени кампањи и длабоко поделено општество, ЦИВИЛ Медиа, 27 спетември 2018)). Голем дел од познатите челници во партијата одлучија да гласаат на референдумот. Во тој период се формираше и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, која во Собранието гласаше  за уставни промени согласно Преспанскиот договор.

Употребата на Преспанскиот договор во политичка кампања не е ништо ново, имајќи во предвид дека тој беше неразделен дел од реториката и во предизборната кампања за претседател на изборите одржани во 2019 година.

Б. Богдановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Хистеријата се шири уште пред официјалниот почеток на кампањата

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk