ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Клевета полна со лажни вести: За „куририте“, хуманитарците се терористи

Сите овие невистини и лажни вести се демантирани уште пред 10 години од Обединетите Нации како и од самата Израелска држава кои извршиле акција во флотата на бродови со хуманитарна помош.

January 21, 2020 17:28
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Полна со дезинформации и невистини е текстот на порталот Лидер, а потоа преземен и од други портали кои шират пропаганда во прилог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Јасмин Реџепи, заедно со други граѓани на земјава и регионот учествуваа во хуманитарната акција за испраќање помош за цивилите во Газа. Во текстот каде активистот Јасмин Реџепи, се клевети како “терорист”, авторот оди до таму што целиот брод „Мави Мармара” и хуманитарните активисти ги нарекува терористи. Исто така, авторот тврди дека со тој брод се носело и оружје. Сите овие невистини и лажни вести се демантирани уште пред 10 години од Обединетите Нации како и од самата Израелска држава кои извршиле акција во флотата на бродови со хуманитарна помош.

 Што се случи 2010-та година?

 Флота со бродови, предводена од турскиот „Мави Мармара” полна со хуманитарна помош и активисти за човекови права патуваа од Кипар кон појасот Газа.

Хуманитарните активисти се обидуваа да пренесат околу 10.000 тони помош за населението, кое тогаш страдаше поради долготрајната израелска блокада.

Во пратката на која „куририте” тврдат дека имало оружје, реално имало храна, облека, градежен материјал, постројки за пречистување на вода за пиење, како и повеќе стотици инвалидски колички.

Во тимот на хуманитарни активисти кои “Лидер” ги нарече терористи, во знак на поддршка му се придружија и носителката на Нобеловата награда за мир од 1976 година Мајрид Кориган Мегвајер, неколкумина европарламентарци, како и двајца германски пратеници. Тоа што најмногу ја разголува пропагандата е и фактот дека на тој конвој имал и евреи, активисти за човекови права од различни држави.

 ОН ја осуди интервенцијата на Израел врз „хуманитарниот конвој”

 На 31.05.2010 израелската војска интервенираше со стотина специјалци а од употреба на оружје убиени беа 10 активисти.

Обединетите нации формираа комисија за истражување на инцидентот кој по истрагата го осуди а присутните во флотата ги нарече  „хуманитарци и активисти за човекови права“.

Ниту Израел не ги нарече терористи

Највисоките челници на Израел ја оправдаа акцијата со образложение дека флотата ја крши блокадата поставена откако Хамас го презеде во контрола појасот Газа. Тие во ниту еден случај не рекоа дека станува збор за терористи, туку самиот тогашен премиер во своја изјава пренесена од Дојче Веле, ги нарече хуманитарци.

„Израел нема што да крие. Во национален интерес на Израел е да се утврди фактичката вистина за случувањата со хуманитарната флота”, изјави израелскиот премиер Бенјамин по интервенцијата врз флотата предводена од „Мави Мармара”.

 Реџепи ќе го тужи Златев за лажни вести и обвинувања за тероризам

Што се однесува до Златев и неговите напумпани и лажни вести – во скоро време може да се објаснува на суд откако активистот Јасмин Реџепи, Легис, во разговор со ЦИВИЛ Медиа рече дека тужбата е веќе подготвена.

„Воопшто не се работи за некаков наш напад врз некоја држава како што се вели во прилогот, туку во 2010 година, 6 хуманитарни бродови беа нападнати со хеликоптери од израелската армија во меѓународни води. Доколку е вистина дека бевме екстрадирани поради тероризам, тогаш ќе имало судење во израелските судови и таму да ја одлежиме казната, немаше да не екстрадираат. Меѓутоа и самите беа свесни дека извршиле напад и киднапирање на хуманитарни бродови во кои имаше хуманитарни работници и активисти за човекови права“, додава Реџепи.

Арбен Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk