пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пустелија.
Со бандери и бензински станици.
Како во „Џерико“.
Брус Вилис, пред да му падне косата.
Со тесен шешир.
Борселино.
Се сеќавате, не!?
Пресно обновена кафеана на градската периферија.
„Три палми на отокот на среќата“.
Хахаха!
Бев на лапачка.
Јазикот ме уби.
Ko Брус Вилис куршумот…
Неуспешно, се разбира.
Кирилицата и македониџата.
Готов сум.
Сѐ изгледаше ганц ново, убаво и добро.
Како да го беа поминале екипите вмро.
Антонијо, јебем ли ти матер….
„Ха“ рече човекот што го носеше прасето, „нашите веќе биле тука“.
„Да“, рече адвокатот на друштвото со строго ограничена одговорност, „ако кафеаната е вака дотерана, кој знае колку убава ќе биде Македонија.“
Само шемата беше стара: ракијата наша, виното наше, печењето наше, масата, салатите и по некое вино плус, на кафеанџијата.
Сите бевме задоволни.
На угостителот му беше убаво што го ебеме во мозокот, поубаво отколку кафеаната да му биде празна и пуста, жив кур да не му влегува, а ние ебиветрите од мојата категорија, се радувавме на можноста за евтини пари да се просеруваме на политичко рамниште: Заев, Шекеринска, Спасовски, кој колку пари украл преку Меѓународниот сојуз на Кикифрики и зошто сите не се сликале по сто пати пред да го ограбат Силјана и како на 12 април народот ќе ги казни така што на власт ќе го врати Никола Груевски.
Кој ќе ги уапси сите што пропуштиле да го уапсат него!
Сосе себе!
Ја џитнав првата ракија и реков:
„Па тоа е идеална комбинација, мај френдс, тој што го баравме да се бара самиот себе, да се најде, да се осуди и да лежи, како не ни текна порано.“
„Е, не, ќе се заебаваме“, рече другарот што го носеше прасето.
„Сакаш да кажеш дека е најдобро на чело да имаме човек кој ќе краде, ќе се фаќа самиот себе, ќе се суди и ќе лежи“, праша режисерот во нашите редови.
„Да“ рече жената чие лице беше покриено со ободот на некаков темен шешир и со ниското ниво на келвините во лампите.
Како Мики Рурк во оној филм.
Забравам му го името.
„Јас сум Историјата? Говњари, не се заебавајте со мене и со себе.“
Откако ја поминавме оваа процедура, како кај хајманите на аеродромите, седнавме на масата.
Фрлив два-три погледа, лево-десно и, еве ги моите впечатоци.
Неверојатно ниво на простоќа кај таканаречената виша средна класа.
Вештаци, директори, менаџери, адвокати…
Глупоќа.
Која се изразува преку неспособноста да се разбере дека не е добро да се седи на рингла вклучена на деветка или да се скока од авион со кишобран.
Потоа помислив дека прасеќождерите, можеби, и не се толку глупави.
Дека, можеби, глумат глупоќа.
Да, но, со каква цел!?
Зошто некој би бил толку глуп.
Ако не е!?
Едно време мислев дека се руски агенти.
Кои шират катастрофизам, автошовинизам и идиотизам со идеја дека никој не може да му го начука на Македонецот подобро од тој самиот кога ќе се тури во пансловенскиот филм.
Потоа на ум ми дојде српската варијанта.
Демек, говњарите на масата се српски шпиуни.
Голема мала Србија без Косово, но со Македонија.
Парчиња, додуша.
Басара ми падна на ум:
“Ако Србија не е конципирана како држава на граѓаните туку како (пара)воена база на српскиот народ која со уставноста, законитоста и останатите западњачки трици и кучини, ќе се позанимава “откако ќе го заокружи својот животен простор”, како што тоа убаво го формулира еден угледен тукашен имбецил.”
Веројатно, си реков, додека мочав во клечавското веце, кој друг би можел да биде волкава будала.