Анета Томева, директор на Центарот за социјални работи во Штип. Роднина на Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, открива А1он. Ова е само едно од имињата кое техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, без потпис од заменичката Санела Шкријељ ги назначила за нови директори во центрите. Нови директори добија и меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.
Повеќето се партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, а на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги поништи овие решенија, со оглед на тоа што тие биле донесени без потписот од дополнителната заменичка министерка Санела Шкријељ.
За директор на Центарот за социјални работи во Валандово, Мизрахи го именувала Драги Ѓеоргиев, за кој може да се види дека е партиски кадар од опозициската партија.
Со Центарот за социјални работи во Штип, според Мизрахи, требало да директорува Дејан Здравков, човек за кој од социјалните мрежи може да се види дека е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој го промовираше настапот на поранешниот премиер Никола Груевски пред Државната изборна комисија во 2016, кога беше прогласена „ноќта на долгите ножеви“, а тој објави војна со „соросизацијата“.
Зоран Малкоски од страна на Мизрахи беше назначен да раководи со Центарот за социјални работи во Прилеп. Токму на Фејсбук профилот на Малкоски може да се види како се споделуваат спомени од 24 декември 2012 – дента кога пратениците од тогашната опозиција, а и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година, настан кој предизвика голема политичка криза во чие надминување мораше да се инволвира ЕУ и други меѓународни фактори.
Целиот текст тука.