ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најсовремена хируршка сала отворена на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Нова хирушка сала направена според највисоките светски стандарди во која има најсовремена опрема беше промовирана денеска на Универзитетската Клиника за торакална и васкуларна хирургија. Салата е отворена првпат по 30 години откако е реконструиран хирушкиот блок.

January 22, 2020 14:04
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Нова хирушка сала направена според највисоките светски стандарди во која има најсовремена опрема беше промовирана денеска на Универзитетската Клиника за торакална и васкуларна хирургија. Салата е отворена првпат по 30 години откако е реконструиран хирушкиот блок.

По тој повод денеска Клиниката ја посетија премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, министерот за здравство Венко Филипче, директорите на ФЗОМ, како и на клиниките…

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека хурушката сала е направена со најсовремени материјали кои гарантираат најдобри услови за спроведување на оперативните зафати и не е најдобра само во земјата, туку и во целиот регион, што, како што рече, ја покажува посветеноста на Владата навистина да вложува во здравството и во здравјето на граѓаните.

– Не е доволно никогаш кога се прави, меѓутоа навистина е задоволство да констатирате дека после 30 години од еден простор кој бил неупотреблив на Клиниката, благодарение на директорот Јакупи, на менаџерскиот тим, на вработените на Клиниката успеале да се направи и новата сала и нов оддел со што се згоелмува и капацитетот на легла, истакна Спасовски и потенцира дека ова треба да биде мотив и поттик за сите менаџери во клиниките и болниците.

Вложувањето во здравството, нагласи, е врвен приоритет и тоа треба да остане и понатаму заради тоа што видовме што значи да немате слух за здравството и барањата луѓето, да немате слух за тоа дека треба да се подобрат условите за работа на лекарите, медицинскиот персонал, а исто така да немате слух ниту за потребите на граѓаните.

– Тоа придонесе многу од лекарите да заминуваат надвор од државата и сега имаме многу тешка задача, да создадете услови и да ги сочувате сите потребни човечки капацитети во државата, меѓутоа и да правите напори да ги вратите лекарите кои заминале надвор од нашата држава. Задоволство е што имаме такви примери на враќање на лекарите. Вложувањето во човечкиот потенцијал е определба и за буџетската 2020 година покрај вложувањето во материјално техничките капацитети на институциите, да вложуваме многу и во човечкиот потенцијал, рече Спасовски.

Според него, многукратното зголемувањето на платите за повеќе проценти на лекарите и на здравствените работници, на медицинските сестри и вработените во здравството придонесува да јакне и мотивацијата и желбата да останат и тука да се вложат максимално и да и помогнат на државата и на граѓаните.

– Владата и годинава ќе остане крајно посветена да направиме се да ги промениме и условите во здравството, да се нудат многу подобри услови, а и секој ден имаме промоија на настан кој претставува остварување на тоа што е наша идеја и замисла, додаде Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во операционата сала има иноксни ѕидови, лесен под за одржување на стерилни услови, најсофистицирана анестезиолошка и ендоскопска опрема какви што се потребни за интервенции.

– Значајно ќе се зголеми квалитетот на услугата која пациентите ја добиваат на оваа Клиника заради тоа што дополнително се зголемува и лежечкиот капацитет за 30 проценти. Тука ќе се лекуваат пациенти кои им е потребно само кратко лежење во болница со што се растеретува сегашниот стационарен дел на Клиниката, истакна Филипче.

Потенцира дека во последните две години се реконструрани околу 15 одделенија и клиники меѓу кои за ортопедија, неврохирургија, гастроетерохепатологија, хематологија…, а следат и други градежни зафати.

– Навистина ми е драго што после две години веќе гледаме задоволни лица на нашите колеги, здравствени работници, медицински сестри, задоволни од примањата кои со нетрпение ги очекуваат и новите зголемувања на платите од февруари, со што платата на лекар специјалист на универзитетските клиники ќе надмине 100.000 денари. Анкетата ни покажа дека над 60 отсто од студентите кои се во завршната година на Медицинскиот факултет имаат желба и иднината ја гледаат тука во земјата. Успеавме на оваа Клиника да вратиме еден врвен експерт кој беше заминат и работеше во Обединетите Арапски Емирати. Гледајќи ги овие процеси сакаше да се врати назад и да придонесе со својата експертиза да биде дел повторно од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, додаде Филипче.

Директорот на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи рече дека освен нова опративна сала адаптираат нов оддел со болнички кревети.

– Новата оперативна сала е направена според најмодерните стандарди по кои се прават салите во однос на материјалите кои се користат, во однос на заштитата, бактерицидноста, стерилноста и со тоа воведуваме еден минимум стандард по кој треба да се направат сите други оперативни сали во земјата. Ова е прва ваква единствена сала во државава, дури и во регионот, а ваква немаат ниту во приватните здравствени установи. Набавена е опрема за салата, најмодерни анестезиолошки апарати, оперативен стол, осветлување, електрокаутери, бронхоскоп, ехо доплер и цела потребнаб инфраструктура, истакна д-р Јакупи и додаде дека имаат врвна екипа, една од најдобрите во регионот и нудат врвни здравствени услуги.

Next Post

Царовска: Пробниот процес дава резултати, тоа е добар пат кон системско решение за дуално образование

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk