ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Царовска: Пробниот процес дава резултати, тоа е добар пат кон системско решение за дуално образование

Министерството за образование и наука пред две години го иницираше овој пробен период на дуално образование како обид за поголема поврзаност на образованието и стопанството.

January 22, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 135 ученици од седум училишта се вклучени во процесот на тестирањето на дуалното образование во земјата. Дека процесот стартувал добро, потврдува интересот за таков вид образование кај компаниите, училиштата, локалната самоуправа и кај самите ученици. Учениците вклучени во процесот добиваат повеќе практично знаење и се поподготвени со своите вештини за напредок во натамошниот образовен и конкретен ангажман во производствените процеси, пренесе МИА.

Тоа денеска од Охрид го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, која заедно со заменикот-министер за образование и наука Елизабета Наумовска и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс го посетија општинскиот Електро-машински училишен центар „Наум Охридски“ во Охрид, каде се спроведува пилот-проектот за дуално образование.

-Образованието е основа за развој на стабилна и одржлива економија, но се соочуваме со предизвик што гласно го алармираа стопанските комори и работодавците, за дефицит на стручен и квалификуван кадар во одредени струки. Со ова тестирање на програмата се увидува дека може да се постигне усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, рече Царовска.

Таа рече дека самите ученици вклучени во проектот се задоволни од начинот на кој се усовршуваат со конкретни знаења и вештини, со нагласок на дисциплината што е карактеристична за самиот работен процес.

-Најголем предизвик што тие го посочуваат е токму дициплината, а нашата задача е младото население да го воведеме во она што значи работен процес, дисциплина и поголема продуктивност на работното место. Токму затоа може да оцениме дека оваа програма што се тестира е на добар пат до системско решение за дуално образование, рече Царовска.

Министерството за образование и наука пред две години го иницираше овој пробен период на дуално образование како обид за поголема поврзаност на образованието и стопанството.

-Министерството ќе продолжи со подобрување на образовниот процес со нови, модерни наставни планови и програми, подобрување на квалитетот на наставен кадар преку разни видови поддршка и обуки. Од друга страна, завршените ученици ќе остануваат во домашното стопанство со трајни вработувања и на таков начин ќе се зајакнува таа воспоставена симбиоза, рече Царовска.

Патрик Мартенс од Германската стопанска комора изрази задоволство што се зголемува бројот ученици заинтересирани за лична професионална наобразба во конкретна производствена средина, како и интересот на компаниите за поддршка на образовните процеси преку кои би обезбедиле стручни дефицитарни кадри.

-Иницијативата што ја покренаа самите компании, а беше поддржана од образовните институции дава резултати. Дуалното образование нуди нови шанси и можности за професионална кариера, го поттикнува натпреварувачкиот дух кај младите, тие се заинтересирани за стекнување со дополнителни знаења особено во научните области како математиката и физиката. Задоволни сме што досегашната успешна соработка, се надеваме дека практиката ќе продолжи, со проширување на ваквото стручно дообразование од наредната учебна година и во други образовни центри во Скопје и Тетово, рече меѓу другото Мартенс. 

Next Post

Шпанската Влада побара од Парламентот по итна постапка да го ратификува Протоколот за НАТО

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk