ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставните судии поделени за амнестијата за „27 април“

Уставниот судија Насер Ајдари, образложувајќи ги иницијативите, рече дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.

January 22, 2020 11:15
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната втора седница ги разгледа иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина и посебно за членот 2. Ставовите на уставните судии се поделени. За едни иницијативата треба да се отфрли како неоснована, додека според други Законот е противуставен и иницијативата на може да биде отфрлена.

Уставниот судија Насер Ајдари, образложувајќи ги иницијативите, рече дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.

– Според деловникот, кога Уставниот суд на претходна иницијатива ќе се произнесе по ваквко прашање, единствено решение е ваквиот предлог да се отфрли како неоснован. Уставниот суд не може да се става во улога на Собранието, туку тој одлучува дали Собранието имало уставно право да го донесе законот и затоа ваквите прашање за правото на давање аменстија се неосновани, рече Ајдари.

Според судијата Јован Јосифовски, овие две иницијативи се подробно образложени и треба да се прифатат, особено што тој останува на својот претходен став, дека законот е противуставен.

– Неспорно е дека Собранието дава амнестија, туку членот 2 со кој се префрла правото на одлучување на судот. Не е ова прв пат да се дава амнестија, ова е шестти случај на амнестија. Не може Собранието кое дава амнестија да го пренесе правото на судот да одлучува арбитрарно кој ќе добие, а кој нема амнестија за ист кривичен настан. Од тие причини сметам дека законот е противуставен, рече Јосифовски.

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, рече дека негов личен став е дека сите правни норми мора да бидат функционални и дека со давањето вакви закони за вакви настани не се зацврстуваат државните вредности.

– Никогаш нема да поддржам вакви амнестии кои се на штета на државата. Се овој закон во целост ние нема да ги дисциплинираме сторителите и не ги зацвстуваме државните вредности, изјави Мурати.

Судијата Осман Кадриу, нагласи дека треба да се прифати дека законодавецот не дава амнестија за дела со кои се загрозува интегритетот и суверенитетот на државата.

Уставната судијка Елена Гошева, рече дека има многу недоследности и дека треба да се отфрли предлогот за одбивање на иницијативата како неоснована.

– Дали Собранието на претходните амнестии одлучуваше што е опфаќа и кои кривични дела. Кога се донесе амнестијата од 2001 година не се гледаше за какви и колку дела се амнестираат. Не сакам да се враќам назад на вака болни теми, но не може сега да тврдиме дека законот е уставен, изјави Гошева.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина е поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, додека иницијативата за членот 2 од истиот закон е поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.

Уставниот суд одлучува со мнозинство на тајно гласање.

Next Post

Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува, забелешките ќе се анализираат

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk