ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува, забелешките ќе се анализираат

Податоците на Царинската управа покажуваат дека е зголемен увозот на возила откако е објавена уредбата, а пред да стапи во сила.

January 22, 2020 11:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Уредбата за увоз на автомобили која стапи во сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента засега нема да се менува. Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски вели дека се отворени за забелешки, но оти е рано за промена, треба да се почекаат резултатите.

-Уредбата е донесена врз основа на посебен Закон за посебен данок на моторните возила и таа уредба е дефинирано по старо што беше акциза сега се вика посебен данок за возила и при пресметката на овој данок главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок, а тоа опфаќа на пример до 10.000 евра кои досега ништо не плаќаа, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компоненета, односно што помалку загадуваат, помалку ќе платат. Главната поента на овој закон, на оваа уредба, е еколошката компонента и првпат се презема еден храбар исчекор во контекст на справувањето со загадувањето на животната средина преку мотивирање на увоз на поеколошки возила, отколку понееколошки, изјави денеска директорот на Царината одговорајќи на новинарски прашања во врска со најавениот протест на увозници на половни возила пред Владата.

Тој потенцира дека нема известување за протестот, и посочи дека најверојатно станува збор за увозници на половни возила, додавајќи дека не сите увозници имаат забелешки.

-Засега останува истата уредба. Ќе ги разгледуваме забелелешките и понатаму. Ќе се прават анализи, меѓутоа треба да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е донесена уредбата за да се увидат резултатите и да видиме дали може, дали треба или не треба да се интервенира, истакна Танасоски.

Соопшти дека во два наврата имале средба со увозници од Крива Паланка и другата група од повеќе градови.

– Ги сослушавме нивните ставови, ги претставивме и нашите ставови дека новиот Закон и новата уредба внесуваат поголемо регулирање на увозот на половни возила и она што е важно се овозможува и база на податоци врз основа на кои вистински ќе се согледа кое е реалното загадување во Република Северна Македонија, кој вид на возила се увезуваат, за да можеме врз основа на тие анализи да се преземат чекори, рече Танасоски.

Податоците на Царинската управа покажуваат дека е зголемен увозот на возила откако е објавена уредбата, а пред да стапи во сила.

-Во декември откако е донесена уредбата, а пред да стапи на сила биле увезени 6.000 возила, а просекот за декември бил меѓу 2.000 и 2.500 возила, рече Танасоски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на новата опрема за царинската лабораторија.

Next Post

На бензинска кај „Долно Блаце“ приведени лица со лажни документи

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk