ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕСЧП: Северна Македонија треба да му плати 18.000 евра на осумгодишно дете со посебни потреби затоа што во установата го врзувале за кревет

За Судот посебно е загрижувачки што едно толку ранливо лице, како жалителот, осумгодишно дете кое има ментален хендикеп и е глуво и немо, можело да биде често врзувано за неговиот кревет за време на престој во центарот, околу една година и девет месеци, при што центарот не можел да ги исполни неговите потреби.

January 23, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Илустрација

Илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда против Северна Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби сместено во јавна установа и врзано за кревет поради безбедност, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Случајот на Л.Р. против Северна Македонија (предмет бр.38067/15) се однесува на Л.Р., дете сместено во јавна установа од возраст од три месеци и наводите за несоодветна и лоша грижа и третман кон него. Една невладина организација дознала за неговата состојба по посетата на Народниот правобранител во центарот каде престојувал во 2013 година и го нашле врзан за неговиот кревет.

Во својата пресуда на Судскиот совет 1 на ЕСЧП донесена денеска во овој случај,  едногласно, заклучува дека имало повреда на член 3 (забрана за нечовечки или понижувачки третман) од Европската конвенција за човекови права, со образложение дека властите се одговорни за сместување на Л.Р. во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби, затоа што не ја добил потребната грижа и нечовечките и понижувачки третмани на кои тој беше жртва.

Со шест гласови „за“ и еден против, ЕСЧП исто така смета дека имало повреда на член 3 (за истрага) заради недостаток на ефективна истрага.

За Судот посебно е загрижувачки што едно толку ранливо лице, како жалителот, осумгодишно дете кое има ментален хендикеп и е глуво и немо, можело да биде често врзувано за неговиот кревет за време на престој во центарот, околу една година и девет месеци, при што центарот не можел да ги исполни неговите потреби. Од оваа установа им било укажано на надлежните дека не може да го сместат детето затоа што биле недоволно квалификувани и неговите вработени немале вештини за да се грижат за него.

Судот понатаму смета дека наместо да се размислува за генералниот неуспех на системот да одговори на потребите на Л.Р., истражните органи се обиделе да ја покренат во истрагата кривичната одговорност на вработените во установата, што го навело обвинителството да заклучи дека имало недостаток на намера да наштети и да го затвори случајот.

ЕСЧП пресуди Северна Македонија да му плати на жалителот 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.

Станува збор за случај кој бил обелоденет по посетата на Народниот правобранител во неговиот извештај од 2014 година, по што Хелсиншкиот комитет го посети детето во установата и поведе судска постапка.

Next Post

Ревизионистите во предизборна офанзива!

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk