Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во тетовска Мала Речица е лоциран во горниот дел од селото, на подножјето на Шар Планина. Над него распукала прекрасната Шара, а под ова духовно светилиште и од неговата лева и десна страна се наоѓаат илјадници домови, каде живеат семејства од муслиманска вероисповед. Иако од различна вероисповед, велат дека манастирот им е прв сосед каде можат да се обратат за било каква помош, пишува Нова ТВ.
Домот на Сејдула Бајрами е на само десетина метри од имотот на манастирот. Вели дека со луѓето кои го одржуваат и се грижат за манастирот, меѓусебно постојано се помагаат, се дружат, сe честат со кафе, чај, благо. Различната вероисповед велат дека за нив е најмала пречка, да им се расипе долгогодишното пријателство. Кај Бајрами нè однесе домарот на манастирот кој во Тетово сите го знаат како чичко Ристо. Веднаш се прегрнаа со Бајрами.
„Како што гледате се почитуваме меѓусебно. Ако ми затреба некаков алат ми даваат и обратно јас им помагам. Ако не помогнеш на прв сосед, на кого тогаш, 2001 година, односно конфликтот заврши одамна. Сега треба да се живее и да си се помагаме“, рече Бајрами.
Целиот текс ТУКА