ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Фер и демократска кампања и избори за да го обезбедиме долгоочекуваниот почеток на преговорите

Самитот во март ќе биде на 26, а тоа е четврти ден од кампањата. Тоа што ќе се случи на третиот ден од кампањата, тоа што ќе се случи на вториот ден од кампањата директно ќе влијае на тоа како  ќе гласаат министрите за надворешни работи и премиерите на земјите членки за започнување на преговорите, потенцира Османи.

January 23, 2020 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите и нивната улога во изборниот процес со цел да се обезбедат предуслови за фер и демократски избори и медиумската кампања, беа темите за кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) Зоран Трајчевски.

Османи по средбите во Државната изборна комисија (ДИК) и во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), денеска беше во посета на АВМУ. – Овие избори ќе бидат први парламентарни избори  каде што ќе имаме нов начин на финансирање на кампањите на политичките партии  и се разбира дека може да се појаваат работи кои се непредвидливи и нерегулирани, па затоа ги опфативме во оваа дебата сите аспекти за да имаме се помалку можни изненадувања  во овој процес, односно да имаме една коректна, мирна, фер и демократска кампања, изјави Османи.

Тој образложи дека сето ова се прави за да имаме, како што рече, најдобар можен впечаток за земјата пред земјите членки кои веќе овие денови почнуваат да ги пишуваат првите букви во  извештајот што треба да се објави во февруари, односно тој вонреден извештај за прогресот на државата во текот на втората половина од  минатата година и оваа година, во пресрет на важната одлука за започнување на преговорите.

– Едноставно не смееме ништо да оставиме  на случајност.  Мораме да ги анализираме сите аспекти. Ние  сме зрела демократска држава која што веќе неколку години наназад во изборниот процес нема речиси никакви нерегуларности и со тоа покажуваме сериозност за една европска држава. Мора да биде така и овојпат. Мора  да биде особено овојпат,  кога изборите и изборната кампања  коинцидира со одлуката за започнување на преговорите. Самитот во март ќе биде на 26, а тоа е четврти ден од кампањата. Тоа што ќе се случи на третиот ден од кампањата, тоа што ќе се случи на вториот ден од кампањата директно ќе влијае на тоа како  ќе гласаат министрите за надворешни работи и премиерите на земјите членки за започнување на преговорите, потенцира Османи.

Оттука, како што рече, обврска на секој од нас, поголема од било кој друг изборен процес, да бидеме внимателни за да имаме фер и демократска кампања и демократски избори за да можеме да го обезбедиме долгоочекуваниот почеток на преговорите кој ни отвора многу можности за државата, ни отвора поевропска земја, ни отвора пристап до структурните фондови според новата методологија  и едноставно ново поглавје за живеењето на граѓаните и на општеството во целина, рече Османи.

– Фактот дека бројот на прекршоци од страна на медиумите во изборните процеси со секој изборен циклус се намалува се повеќе и повеќе па дури се сведува и на нула во одредени периоди е навистина знак на зрелост и на медиумскиот простор, но и на општеството во целина и на улогата и на регулаторот во оваа фаза, рече Османи.

Директорот Трајчевски изјави дека АВМУ сто отсто е подготвена, и од технички, кадровски и административен аспект, да ги спроведе своите активности за време на претстојните избори.

– Ние сме подготвени, како и во претходните изборни циклуси, да го дадеме максимумот. Во тоа веруваме, убедени сме. Гарантираме дека ќе го дадеме максимумот и дека спроведувањето на Изборниот законик од страна на Агенцијата ќе биде на највисоко ниво, дека тоа така ќе биде забележано и во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР и на сите набљудувачи, рече Трајчевски.

Додаде дека Агенцијата ќе биде еден од позитивните чинители во општеството кој ќе придонесе за позитивна оцена за нашата држава во Извештајот што следи за Самитот во март.

Next Post

СЕММ донесе одлука во корист на Сарачини дека медиумите Вечер, Курир, Инфомакс и Нетпрес се обидоа да манипулираат со неговиот твит

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk