ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Скопје 4“

Модернизацијата на трафостаницата е од исклучителна важност за граѓаните и компаниите во Градот Скопје и дека ќе обезбеди непречено и квалитетно снабдување со електрична енергија

January 23, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД МЕПСО Ева Шуклева денеска ја посетија 400/110 киловолтната трансформаторската станица „Скопје 4“ каде е во тек ревитализација и модернизација на опремата во вредност од 4,9 милиони евра. Реконструкцијата опфаќа промена на целата високонапонска опрема, 400 и 110 киловолтни прекинувачи, растовувачи, мерни трансформатори, како и најмодерна опрема за далечинско управување (SCADA) и нова генерација нумерички заштитни релеи.

-Ова е првата 400-киловолтна трафостаница во земјава изградена во 1978 година и е најголемата реконструкција од постоењето и изградбата.  Инвестицијата е 4,9 милиони евра, поддржана со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Договорот е потпишан со изведувачот „Кончар“ од Хрватска, а има и македонски подизведувачи.  Битноста на оваа реконструкција е затоа што од оваа трафостаница се напојуваат 110 киловолтните трафостаници  во 70 отсто од регионот на Скопје и околината, меѓу кои се и индустриската зона Бунарџик, аеродромот, централното градско подрачје, изјави Шуклева по увидот во реконструкцијата.

Таа нагласи дека со реконструкцијата на трафостаницата ќе се добие поголема стабилност, помалку испади и помалку средства за одржување, со што, како што рече, ќе се подобри и климата за инвестиции во индустриските зони, а ќе има и поквалитетно напојување за граѓаните.

-Договорот за реконструкцијата е потпишан во септември 2018, рокот за завршување на работите е 30 месеци, односно до мај 2021 година. Очекуваме работите да завршат порано, бидејќи целата опрема е веќе пристигната и се поставува, рече Шуклева.

Министерот Сугарески посочи дека модернизацијата на трафостаницата е од исклучителна важност за граѓаните и компаниите во Градот Скопје и дека ќе обезбеди непречено и квалитетно снабдување со електрична енергија. Нагласи дека на терен се реализираат сериозни инвестиции во електропреносниот систем од кои само тековните проекти во четири трафостаници се вредни над седум милиони евра

-Луѓето што работат тука ме информираа што ќе значи како подобрување опремувањето и модернизацијата на оваа трансформаторска станица. Како што спомна и директорката  во најголема мерка ќе имаме непречено и квалитетно снабдување со електрична енергија  на поголем дел на објекти низ градот Скопје, рече Сугарески.

МЕПСО, потенцира, веќе работи на модернизација на електропреносниот систем на повеќе локации низ државата.

-Бевме на увид во изградбата во делот на далекуводот кај Штип и Пробиштип. Паралелно се најавени уште три проекти поврзани со далекуводи и тоа кај  Прилеп – Битола,  Штип – Овчеполе и  Велес – Овчеполе. Сметаме дека во натамошниот период ќе имаме силна офанзива  во делот на модернизација се со цел да им овозможиме на граѓаните и на компаниите во наредниот период да немаат никаков проблем со електричната енергија, рече Сугарески.

Модернизацијата на 400/110 киловолтната трансформаторската станица „Скопје 4“, информираат од АД МЕПСО, е дел од кредините аранжмани со ЕБОР, инвестициски пакет вреден над 50 милиони евра во кој е предвидена ревитализација на девет трансформаторски станици, изградба на шест далекуводи во националната преносна мрежа, изградба на нова 400/110 киловолтна трафостаница кај Охрид и изградба на нов 400 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува нашиот и албанскиот електроенергетски систем.

Next Post

Манастирот во тетовска Мала Речица, пример за меѓуверска толеранција

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk