ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мишел се заинтересира што прави ЕУ за Македонија, па направи увид во работите за изградба на колектори за отпадни води на Вардар

-Претседателот на Европскиот совет сакаше да види вистинска работа, што работиме за граѓаните во земјата, и животната средина, како што рековте, е многу важно за ЕУ. Го усвоивме „Зелениот план“ и како таков план да се реализира и во регионот. Ова е проект за животна средина, кој ќе ја оствари нашата заедничка визија за Вардар да биде повторно чист. Колекторите ја носат отпадната вода надвор од градот до местото каде што во иднина ќе биде пречистителната станица. Ова е еден од проектите, изјави евроамбасадорот Жбогар

January 25, 2020 14:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на оваа година се очекува да заврши изградбата на колекторите за отпадни води на левата и на десната страна на реката Вардар во скопската општина Аеродром, а потоа да отпочне и изградбата на пречистителната станица на Градот Скопје.


Проектот за Подобрување на инфраструктурата за собирање отпадни води во Скопје е финансиран од Европската унија со буџет во износ од 9.680.140, 27 евра.

Пред заминување од земјава, во посета на локацијата каде што завршуваат колекторкиот дел и парцелата каде што ќе се гради пречистителната станица денеска беше претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина Насер Нуредини, како и заменик претседателот на Европската инвестициска банка Ендрју Мекдауел.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска истакна дека претседателот на Европскиот совет Мишел се сретнал со политилчката елита во земјата, но оти исто така сакал да види што работи ЕУ за граѓаните во земјата.

-Претседателот на Европскиот совет сакаше да види вистинска работа, што работиме за граѓаните во земјата, и животната средина, како што рековте, е многу важно за ЕУ. Го усвоивме „Зелениот план“ и како таков план да се реализира и во регионот. Ова е проект за животна средина, кој ќе ја оствари нашата заедничка визија за Вардар да биде повторно чист. Колекторите ја носат отпадната вода надвор од градот до местото каде што во иднина ќе биде пречистителната станица. Ова е еден од проектите, изјави евроамбасадорот Жбогар за МИА.

Најави изградба на пречистителни станици во Тетово и во Битола, и втората фаза во Кичево.

-Ова се исто така големи градови. За Битола и Тетово ќе чинат 20 милиони. Истовремено работиме на регионално управување со отпад во источниот и во североисточниот регион. Се обидуваме да работиме заедно и да помогнеме земјата да биде почиста и да обезбедиме здрава животна средина, рече Жбогар.

Во рамки на проектот ќе бидат изградени колектори на левиот и на десниот брег на реката Вардар и од булевар „Србија“ до Железничкиот мост. Во овој нов колектор ќе се слеваат отпадните води од постојната пумпна станица „Горно Лисиче“.

Министерот за животна средина Насер Нуредини во изјава за МИА истакна дека ова е најголемата инвестиција за животна средина во нашата земја заедно со ЕУ и со различни институции.

-Конечно ќе најдеме решение за отпадните води во нашата земја. Ова е многу голем проект на кој особено се гордееме и одиме напред. Очекуваме колекторскиот систем да биде завршен до крајот на годината и да започне процесот на изградба на пречистителната станица исто така оваа година. Овој проект е гранција дека реките во иднина ќе ни бидат почисти. И исто така дека ќе имаме подобра соработка со нашите соседи бидејќи нашите реки се влеваат во нивните земји, рече Нуредини.

На крајот на минатата година е потпишан договор за заем со Европската инвестициска банка за изградба на Пречистителна станица во Скопје.

Заменик претседателот на Европската инвестициска банка Мекдауел истакна ова е многу важен проект кој треба да придонесе за подобрување на квалитетот на реката Вардар.

– Особен приоритет сега кога земјата е на пат за отворање на преговори со ЕУ, е подобрување на инфраструктурата за животната средина, да се исполнат европските стандарди за животна средина, да се подобрат квалитетот на водата, квалитетот на воздухот за луѓето во земјата…  И ништо не е поважно од проектот за пречистителната станица на отпадни води во Скопје, овде позади нас ја гледаме реката Вардар, која минува низ Скопје и долж целата држава се до Грција. И во моментот реката е загадена од канализациски отпад и овој проект ќе придонесе за задоволителни стандарди и квалитет на водите кои ги очекуваат граѓаните. Ова е многу важен проект, рече Мекдауел.

ЕИБ е банка на ЕУ, а проекти кај нас финансира 40 години, уште од времето кога бевме дел од поранешна Југославија.

-Ние сме подржувале развој на инфаструктурата, развој на приватниот сектор преку финансирање на мали и средни претпријатија, потсети тој.

По посетата на местото каде што се градат колекторите, а потоа и пречистителната станица претседателот на Европскиот совет замина од земјата. Тој претходно денеска имаше средби со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, а вчера со премиерот Оливер Спасовски и со претседателот Стево Пендаровски.

 

Next Post

(ВИДЕО) Сарачини: Ги охрабрувам граѓаните да бидат гласни против медиумските манипулации

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk