ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ВИДЕО) Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ добитници на „ASC“ најпрестижната награда во кинематографијата

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“, нашите Самир Љума и Фејми Даут им ја додели режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото како што пренесува Dedline.com рече дека ова е златно време на документарниот филм

January 26, 2020 09:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е оваа, вели Самир Љума кој заедно со Фејми Даут се добитници на 34 доделување на „ASC“ наградите за најдобра кинематографија за Документарен филм.

Фејми Даут, Тод Филипс, Самир Љума и кинематографот од „Џокер“

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“, нашите Самир Љума и Фејми Даут им ја додели режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото како што пренесува Dedline.com рече дека ова е златно време на документарниот филм (golden age for documentaries).

Најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографијата е токму „ASC Award“ награда, којашто ја доделува Американската асоцијација на кинематографери (ASC).

Ова е интервјуто со Самир Љума и Фејми Даут после побивањето на наградата:

„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот.

Тука секако се трите награди од „Санденс“ фестивалот, а „Медена земја“ пред неколку дена ја освои наградата за „Најдобар документарец“ на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата „Филмско око“ за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

После „Пред дождот“ повторно еден македонски филм влезе во номинациите за Оскар, но овој пат тоа е историски успех зашто „Медена земја“ е номинирана во две категории. Македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран за награда Оскар во категориите: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернационален долгометражен филм“.

Церемонија на Деведесет и второто доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд во театарот Долби.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Мираковски: Податоците од мерните станици за загадување на воздухот погрешно се интерпретираат

EVN

НАЈНОВО

Зошто цената на биткоинот паѓа и покрај големата побарувачка

February 8, 2026
Реалистична сцена на онлајн дебата со човечки учесници и автономен AI агент, симбол на скриено алгоритамско влијание во дигиталниот простор.

Како да препознаеш автономен AI агент во онлајн дебата

February 8, 2026

Кога ништо не е важно

February 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Виторија Черети. Фото: Армани, Инстаграм

    Виторија Черети, девојката на Ди Каприо го носеше италијанското знаме на отворањето на ЗОИ 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Расистичко видео на Трамп кон Мишел и Барак Обама – силни осуди, Белата куќа принудена да го избрише

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милјардерот Нелсон Пелц проговори за конфликтот меѓу семејствата Пелц и Бекам: „Мојата ќерка и зетот се сјајни“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 февруари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Сараево Сафари“ – мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk