„Арачиново, нема кантонизација, има канализација!“, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев, алудираќи на почетокот на изградбата на канализационата мрежа во Арачиново.
Ова беше најголемиот проблем на жителите и на нивно барање се започна со реализација на најголемиот инфраструктурен проект во општината.
Се работи за инвестиција од 1,7 милиони евра, а според извонредниот интензитет со кои се започнала изградбата и ако послужат временските услови, изградбата на канализацијата во Арачиново ќе се заврши во многу оптимален рок, истакна министерот за транспорт и врски Сугарески, пред два дена кога започнаа работите на терен.