„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, пишува Сакам да кажам. На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета, пишува Сакам да кажам.
Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“
„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.
На излегување, Јанева дојде кај новинарите, застана неколку секунди и рече:
„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева. Судењето завршува без Јанева.