ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дескоска: Од една страна е желбата за ефикасен систем, од друга е желбата некој да се спаси

Клучниот проблем е што ВМРО-ДПМНЕ бараат обвинителството да нема надлежност на кривичните дела почнати од СЈО - изјави министерката за правда, Рената Дескоска во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

January 27, 2020 20:31
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Беше очекувано дека најголемиот товар во министерството и најголемиот закон што ќе биде проблем, ќе биде Законот за Јавно обвинителство. Тоа се гледаше од самиот почеток, затоа што тука има потреба од 2/3 мнозинство кое треба да го обезбедиме од пратеничка група на опозицијата која што има лични случаи кои се водат пред обвинителството. Сега, како вие ќе очекувате дека некој ќе даде поддршка на принципиелни решенија на Законот ако самиот тој е засегнат од тој закон? Тука беше јасно дека ќе имаме проблем. Од една страна е желбата да воспоставите ефикасен систем на јавно обвинителство, а од друга страна желбата и личниот интерес на некои да се спасат од тоа ЈО“ – открива министерката за правда, Рената Дескоска во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.

Дескоска вели дека многу детално го анализирала пресот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Според неа, Мицкоски само се обидел да наброи девет забелешки што ги има на Законот.

Клучниот проблем е што ВМРО-ДПМНЕ бараат обвинителството да нема надлежност на кривичните дела почнати од СЈО

„Во анализата се покажува дека, практично, првите осум забелешки не се нешто многу страшно и не се нешто што прави сериозен расцеп. Клучниот проблем што го имаме и клучната разлика е во деветтата забелешка кај што се бара, практично, да нема надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации. Тоа значи дека директно или индиректно се бара да се отстрани надлежноста на кривични дела кои беа почнати од СЈО“ – анализира Дескоска.

Во врска со противењето на опозицијата за номинирање на Дескоска за членство во Венецијанската комисија, таа вели:

„Интересот на опозицијата за моето номинирање од Владата и сега членство во Венецијанската комисија е ад хоминем и не е принципелно“. Дескоска додаде дека има неколку примери каде министри за правда биле челнови на Венецијанската комсиија.

Дескоска ги наоѓа мотивите за нападите против неа во обидите да се осуети донесувањето на законот за ЈО.

„Кога го гледаме изминатиот период секогаш кога ќе дојдеше да биде топ тема Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ почнуваа со лични напади. Тоа може да го видите и во септември минатата година кога ја пуштивме втората верзија кога Христијан Мицкоски почна да ме спомнува постојано на прес конференциите“ – вели Дескоска.

Опозицијата не сака да поддржи ни С од Специјално јавно обвинителство

Анализирајќи го процесот на креирање на Законот, Дескоска истакна дека почетна точка во градење на законот биле реформите, односно СЈО како посебен орган во кој не смеат да се мешаат други виши обвинители.

„Видовме дека таа идеја не можевме да ја спроведеме поради ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата јасно беше кажано дека нема да поддржат ни С од Специјално јавно обвинителство, ниту пак некаков посебен концепт на такво обвинителство. Потоа направивме да го нема СЈО, и сите предмети се префрлени во регуларното обвинителство, посочи Дескоска.

Сигналите од Европската унија дека е добро да се донесе овој Закон за Јавно обвинителство, меѓу другото се доказ за квалитетот на законското решение, рече Дескоска.

„Ако имаме 80 пратеници ќе влеземе во собраниска процедура на носење на Законот. Според мене, созреана е свеста кај пратениците од важноста за носење на Законот за Јавно обвинителство. Иако овој Закон не е услов за нашата евроинтеграција, имаме можност да пратиме порака дека сме спремни да изградиме силни, независни капацитети кои ќе се справат со корупцијата“, истакна Дескоска. 

На прашањето за Јавен обвинител на предлог на опозицијата, Дескоска рече дека тоа во сегашната поставеност, не е возможно.

„ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ја опструира правдата и процесите што се во тек. Нивно клучно барање е да ги нема случаите на СЈО. Недозволиво е луѓе кои се лично засегнати во судски предмети, да предлагаат свој обвинител и сами да се гонат за предметите, нив ги интересира само судбината на предметите на СЈО“, заклучи Дескоска.

Next Post

Манчевски: Драстично е сменета атмосферата, постојат заштитни механизми против политичките притисоци

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk