Јирген Клоп со најава и образложение зошто Ливерпул ќе настапи со младински состав на возвратниот меч против Шрусбери, пренесува Macedonian Reds.
„Премиер лигата од клубовите очекува да ја почитуваат препорачаната и рационална зимска пауза, односно да им овозможат на нивните играчи одмор од физичките и менталните напори за играње на натпреварите во сезоната. Клубовите не треба да организираат компетитивни и пријателски мечеви во овој период, па согласно тоа, не може да се однесуваат со нас како никому да не му е гајле. Знам дека не е популарно, но јас така гледам на работите. Ако Премиер лигата бара да ја почитуваме паузата, ние тоа ќе го направиме. Ако ФА не го почитува тоа, ние тоа не можеме да го смениме, но мораме да се грижиме за благосостојбата на фудбалерите. Нив им треба физички и ментален одмор, за тоа служи зимската пауза. Сега имаме друго натпреварување (ФА Куп) кое ни вели дека паузата и не е така важна (имајќи го предвид датумот на возвратниот дуел против Шрусбери), затоа мораме однапред да донесеме одлука. Овие момци имаат фамилии, момците кои настапуваат за репрезентациите како Хендерсон, Ван Дајк, Вајналдум, Александер-Арнолд, Салах, Мане, сите овие момци, тие никогаш немаат пауза. Сега ќе имаат една слободна недела.”, вели Јирген Клоп за „The Atletic“
На вчерашниот прв натпревар од ФА купот Шрусбери се избори за уште еден дуел со Ливерпул (овој пат на Енфилд), иако долго време резултатот беше 0:2 за Ливерпул, за на крај да заврши нерешено 2:2.