ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кои се дечките кои се сликани со Коби и македонското знаме?

На фотографиајта се и: прилепчаните Менде Папазоски - Папазо, Алмир Мифтароски, Дарко Спиркоски - Пицако и штипјанецот Марјан Ѓуров. Како што се гледа од архивите, македонската екипа „Алфа1“ на четвртото Светско првенство во Стритбол во Франција го освоила шестото место. Резултатот е постигнат во конкуренција од 31 екипи од целиот свет

January 27, 2020 21:31
in СПОРТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

После трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант, тагата на светската јавност ја преплави земјината топка. И како што тоа секогаш бива, во знак на сеќавање на кошаркарските и човечки вредности на великаните, се јавија различни анегдоти и симпатични вести поврзани со Коби – Црната мамба.

Она што денес беше интересно за македонската јавност, е фотографијата на која Коби Брајант и Трејси Мекгреди се сликани со неколку дечки и македонското знаме.

Од социјалните мрежи дознаваме дека фотографијата е од 1998 година од Стритбол Светското првенство одржано во Париз, Франција.

На фотографијата покрај Коби и Мекгреди се: прилепчаните Менде Папазоски – Папазо, Алмир Мифтароски, Дарко Спиркоски – Пицако и штипјанецот Марјан Ѓуров.

Како што се гледа од архивите, македонската екипа „Алфа1“ на четвртото Светско првенство во Стритбол во Франција го освоила шестото место. Резултатот е постигнат во конкуренција од 31 екипи од целиот свет, кои биле поделени во 8 групи по четири екипи во група, со исклучок на групата во која биле македонските претставници од екипата на Алфа1 каде имало три екипи.

Прилог од архива за СП во Стритбол во Париз од 1998 година

Во нашата група биле претставниците на Франција и Сингапур. Нашите дечки го освоиле првото место во групата со победи над Сингапур и над домаќинот Франција. Во осминафиналето ја победиле Унгарија, а во четвртфиналето загубиле од СР Југославија, кои потоа станале и светски прваци.

Покасно  нашиот тим ја совладал Полска, а изгубиле од Хрватска, со што се пласирал на шестата позиција.

На СП во Стритбол во Париз биле присутни и врвни стручњаци од светот на кошарката, како легендарниот тренер Божидар Маљковиќ, а посебен шмек на СП му дале и тогаш светските неприкосновени НБА ѕвезди Коби Брајан и Трејси Мекгреди со кои нашите момци успеале и да овековечат една вака силна фотографија со македонското знаме.

Штета што ова добива на популарност во еден вака трагичен момент како што е смрта на Коби, но вредно е да не се заборави.

Почивај во мир легендо.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ противзаконски вработуваше по распишување на избори

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk