ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ противзаконски вработуваше по распишување на избори

Како опозиција, имавме пресови, и претставки до институциите за ова, но одговорот кој го добивавме беше ист-ископиран, дека е согласно со законот, што не е точно, вели Манчевски.

January 27, 2020 21:32
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ во период пред избори, по распишување на изборите, кога законски е забрането да се вработува, вработуваше повеќе од 4 илјади луѓе,  изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на ТВ24.

„Надлежните институции не реагираа. Антикорупциската комисија си даде оставка поради големиот притисок од јавноста…..Како опозиција, имавме пресови, и претставки до институциите за ова, но одговорот кој го добивавме беше ист-ископиран, дека е согласно со законот, што не е точно, вели Манчевски.

Во врска со нападите дека Владата на СДСМ и на ДУИ вработува нови кадри во институциите во пресрет на изборите, Манчевски одговори дека законски е одобрено до 12-ти февруари да се објавуваат огласи за вработување, особено како сите кои се објавени, за пополнување на неопходниот кадар.

„На почетокот на секоја година има зголемено огласи за ангажман на вработени со определено време, затоа што со истекот на претходната година завршуваат и нивните договори. Помина времето кога вработувањата беа условувани со изборни гласови, веќе сме држава која организира кредибилни и фер избори“- изјави Манчевски.

Од друга страна, институциите навистина немаат доволно, пред сè стручен кадар и затоа секој оглас е оправдан. Дури и техничките министри на ВМРО ДПМНЕ потврдија дека институциите не се доволно екипирани.

Институциите постојано имаат недостаток од кадар. Затоа ниту еден оглас не е надвор од регуларните постапки.

„Во институциите затекнавме несоодветни систематизации, наместо да се вработуваат соодветни кадри, ние откривме вработен во Генерален секретаријат на Влада со завршена музичка академија. Затоа правиме хоризонтални и вертикални функционални анализи, работиме на целосна реорганизација на системот и не можеме тоа да го направиме преку ноќ оти така ќе се протолкува како партиска операција. Затоа одиме полека, стручно и посветено“- заврши Манчевски.

Next Post

Жбогар ги повика партиите да го донесат Законот за јавно обвинителство

НАЈНОВО

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Велика Британија, Франција и 19 други земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон, вели – Сега сите се безбедни

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk