Брисел уште еднаш го повика Собранието да го усвои Законот за јавното обвинителство пред неговото очекувано распуштање во февруари. Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, рече дека Скопје не треба да стои настрана и да чека почеток на преговорите, а ги критикуваше партиите за предвремен почеток на изборната кампања, пренесе Алсат М.
„Ќе споменам три прашања кои се надеваме дека ќе ги унапредиме: Прво е Законот за јавното обвинителство, второ е Изборниот законик и трето, исто така се надеваме дека доаѓањето на европратениците на крајот на неделава и следната сесија на Дијалог Жан Моне ќе донесе договор околу правилата за постапката, за што неколку пати се дискутираше“-рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.
И вицепремиерот Бујар Османи ја истакна потребата да се донесат важните закони за ЕУ и НАТО.
„Да направиме дополнителен напор и да се фокусираме на владеењето на правото и да усвоиме широко прифатени закон за јавно обвинителство, закон за Академија на судии и јавни обвинители и да завршиме со постапката за преостанатите именувања во Националниот совет за радиодифузија и изборот на Комисијата за спречување од дискриминација”-Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.