ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судскиот совет разреши еден судија, а за тројца ја запре постапката

Телевизија Телма објави дека е разрешен судијата од Врховниот суд Ристо Катавеновски за кого се водеше постапка за нестручно и несовесно  работење, како и за претходно разрешените судиите Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство

January 27, 2020 15:28
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на денешната седница разреши еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, за тројца судии постапката е запрена, а за еден судија одлучено е извештајот да се дополни со податоци кои се неопходни за да може Советот да одлучи, пренесе МИА.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев изјави дека не можам да каже кој судија е разрешен, бидејќи јавноста е исклучена за оваа точка.

Телевизија Телма објави дека е разрешен судијата од Врховниот суд Ристо Катавеновски за кого се водеше постапка за нестручно и несовесно  работење, како и за претходно разрешените судиите Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.

На прашање во врска со изборот на  шестемина судии за Апелацискиот суд, Здравев рече дека и тој сака што е можно  побргу да ја завршат таа 320 седница, на која е одложена точката за избор на шест судии во Апелацискиот суд.

-Ако имаме услови тоа би го сториле најкасно до 5 односно до 10 февруари годинава. Ако нема услови во таков случај може да го ставиме на дневен ред па понатаму дали ќе избереме или не ќе видиме. Мора да се направи добра координација, бидејќи не  е умесно некои судии да бидат предложени на седница, а на седницата да не го добијат потребното мнозинство, вели Здравев.

На денешната седница на Судскиот совет беше присутен и членот на СС Зоран Теофиловски за кого Обвинителството бараше притвор.

Здравев одговарајќи на новинарско прашање во врска со присуството на Теофиловски рече дека не е точно дека ги штитат членовите на Судскиот совет.  – Досега беше прифатено барањето за одземање на имунитетот не само на членот на СС, туку претходно и на неколку  судии против кои беше поднесено барање за покренување кривична постапка за одговорност за конкретни кривични дела и ние тогаш имунитетот го одземавме, меѓутоа не дадовме согласност за притвор и за судиите и за член на Судскиот совет, вели Здравев.

Според него, независно дали се работи за судии или за членови на СС ако не е  одобрен притвор тој може да доаѓа на работа. – На крај на краишта тој зема плата и треба да ја оправда платата и да работи, додава претседателот ан Судскиот совет.

Појаснува дека Советот за Теофиловски ја донел одлуката тргнувајќи од тоа дека судија во претходна постапка му признал имунитет на судијата со тоа што се обратил до Судскиот совет со барање Советот да се произнесе по однос на имунитетот и по однос на барањето на обвинителот за притворање.

-Претходно се воделе кривични постапки против судии, меѓутоа со оглед на тоа дека истите не биле суспендирани тие постапувале по предметите независно што против нив се воделе постапки. Имавме и случаи каде судии биле суспендирани и по завршување на кривичната постапка со ослободителна одлука СС ги врати на работа. Значи неосновано биле суспендирани за времето додека не е донесена правосилна судска одлука со која тие се ослободуваат од обвинение, рече Здравев

Во однос на барањето од Антикорупциската комисија, Судскиот совет да им испрати податоци за да ја изградат методологијата кои судии ќе бидат проверувани од нивна страна, Здравев рече дека ги испратиле податоците што им биле побарани и оти најверојатно ќе треба да имаат заедничка средба на почетокот на следниот месец.

– Очигледно дека ќе треба Судскиот совет и Антикорупциска комисија да ги синхронизираат постапките во врска со евентуално поднесување по барањето за утврдување одговорност против судии, рече Здравев.

Тој посочи дека Судскиот совет постапува и одлучува по барање за утврдување одговорност на судија од аспект на совесност и стручно постапување и од аспект на почитување на морално – етичките норми. Но, како што вели, не може СС да навлегува во испитување на имотната состојба на судиите.

Next Post

Надал против Доминик Тим во најинтересната четвртфинална двојка

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk