ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Дескоска, недвосмислено и гласно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го заштити криминалот на своите функционери

Пред присутните, високи претставници на судовите и обвинителствата, експерти, како и меѓународни претставници, Дескоска откри неколку точки за кои опозицијата настојувала да ги протне во законот, но поголем дел од нив биле во правец на заштита на криминалот на функционерите на ВМРО ДПМНЕ, односно како да се укинат предметите на СЈО.

January 28, 2020 19:53
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда, Рената Дескоска, која ја отвори јавната расправа за Законот за јавно обвинителство во собраниската комисија за политички систем, без заобиколување, сосема недвосмислено и јасно, говореше за процесот низ кој минуваше овој законски проект. Дескоска сподели дека уште на самиот почеток, станало јасно дека тоа ќе биде најжешкиот костен во рацете на министерството со кое раководи. Сепак, министерката изрази очекување дека сите партии ќе ги надминат своите интереси и ќе гласаат за законот кој обезбедува независно, објективно и професионално обвинителство.

Пред присутните, високи претставници на судовите и обвинителствата, експерти, како и меѓународни претставници, Дескоска откри неколку точки за кои опозицијата настојувала да ги протне во законот, но поголем дел од нив биле во правец на заштита на криминалот на функционерите на ВМРО ДПМНЕ, односно како да се укинат предметите на СЈО.

„Беше отворено прашањето каква треба да биде улогата на политичките партии во изборот на јавните обвинители – дали е потребна политиката или не. Потоа, дали да се предвидат рокови за одредени постапки, како на пример за тие на СЈО, што е ограничување во делувањето на обвинителствата.  Дали одредени докази ќе бидат докази или не, особено прислушуваните материјали. Дали да се воспостави лична материјална одговорност за обвинителите во случај на повреда на правото, што пак од друга страна ќе ги пасивизира обвинителите. Ние внимававме да ги имплементираме меѓународните стандарди и со поддршка на меѓународната заедница да стигнеме до ова законско решение“ – поентираше Дескоска.

Таа информираше дека се прават измени во обвинителскиот систем, односно се утврдени построги критериуми при изборот на обвинителите, се дефинира јасна дисциплинска постапка, критериуми за оценување на обвинителите и се гарантира финансиска стабилност.

„Мораме да воспоставиме систем кој ќе има финансиски гаранции, особено обвинителствата кои ќе работат на предмети од висок ризик, оние кои ќе продолжат да работат на досиејата од СЈО… Се дава можноста, обвинителството самото да може да побара меѓународна правна помош, а не тоа да оди преку министерството, со што ќе се заштити доверливоста на постапката“ – изјави Дескоска.

Новите надлежности за обвинителите ќе повлечат и поголем број обвинители, што значи дека во иднина задолжително ќе мора да се зголеми нивниот број.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Црна дупка. Фото илустрација

Црна дупка, 265 пати помасивна од Сонцето, се создала со спојување на две помали

July 16, 2025

Филипче: Власта ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

July 16, 2025

ХЕРА: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение – Молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk