ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гинекологот што го најде Министерството за здравство, си замина од Шуто Оризари

На вратата на гинеколошката ординација пациентките ги пречекува соопштение со информации за дислокацијата на ординацијата. Соопштението, како што велат од Иницијативата на жени во Шуто Оризари, било едноставно залепено на врата, без претходна најава на редовните пациентки.

January 28, 2020 14:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Шуто Оризари остана без единствената гинеколошка ординација. Пациентките се повторно извисени и без можност да добијат соодветна медицинска услуга. Околу 10.000 жени кои беа пациентки на докторката Вјолца Мбијара веќе една недела наидуваат на затворена врата од гинеколошката ординација, пишува Слободен печат.

Ова се случува откако докторката, која што пред три години беше назначена од Министерството за здравство, одлучи да ја затвори ординацијата и покрај субвенциите кои ги добиваше.

На вратата на гинеколошката ординација пациентките ги пречекува соопштение со информации за дислокацијата на ординацијата. Соопштението, како што велат од Иницијативата на жени во Шуто Оризари, било едноставно залепено на врата, без претходна најава на редовните пациентки.

Иницијативата на жени од Шуто Оризари денеска од Министерството за здравство побара што побрзо решавање на овој проблем и поставување на нов гинеколог.

– Апелираме до Министерството за здравство во најкраток рок да најде решение за да обезбеди пристап до примарни услуги за репродуктивно здравје на жените Ромки од Шуто Оризари. Веќе седум дена жените од Шуто Оризари немаат матичен гинеколог во својата општина. Со заминувањето на гинекологот се враќаме скоро една деценија назад кога започна нашата борба за основен пристап за услуги за репродуктивно здравје – велат од Иницијативата.

Оттаму посочуваат дека не ги знаат причините за заминувањето на доктор Вјолца Мбијара.

– Не знаеме каков договор направиле Министерството за здравство и докторката и дали беше обврзана да остане тука. Во комуникација сме со Министерството и се надеваме дека брзо ќе се реши овој проблем, бидејќи сега ординацијата е преселена во Сингелиќ, а пациентките ќе треба да патуваат со два автобуса за да стигнат до таму – вели Салија Бекир Халид, од Иницијативата на жени Ромки на Шуто Оризари.

Тие обвинуваат и за дискриминација.

– Недостатокот на гинеколог во општина во која живее доминантно ромско население со што значително се погодени жените Ромки претставува дискриминација која државата не успева да ја елиминира. Немањето на гинеколог во општината е една од причините за доенечката смртност која е значително повисока во однос на неромското население. Сабајлево само што дојдов видов жена која дошла за да и биде препишана терапија од матичен гинеколог, по оперативен зафат. Сега таа оперирана ќе треба да оди да ја бара докторката – вели Салија Бекир Халид.

Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека наскоро ќе се најде решение за проблемот.

„Разговараме со неколку институции да видиме дали можеме да обезбедиме гинеколог по системот на ротација. Доколку не може, ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програмата на Министерството за здравство, за таму да има еден гинеколог“, изјави Филипче.

Next Post

Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори за ЕУ перспективата на Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk