ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори за ЕУ перспективата на Западен Балкан

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, дали Мицотакис ќе се обиде да го убеди Макрон да го промени ставот за Северна Македонија и Албанија,  земајќи ги предвид француските позиции од една и грчките иницијативи за поддршка од друга страна, Пецас рече дека Мицотакис ќе ја презентира грчката позиција и изрази надеж дека Париз ќе направи чекори кон подобар резултат на следниот Самит во март.

January 28, 2020 14:18
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се надеваме дека и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече заменик премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, во однос на ЕУ перспективата на Западен Балкан, со оглед на тоа дека проширувањето ќе биде една од темите на утрешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, дали Мицотакис ќе се обиде да го убеди Макрон да го промени ставот за Северна Македонија и Албанија,  земајќи ги предвид француските позиции од една и грчките иницијативи за поддршка од друга страна, Пецас рече дека Мицотакис ќе ја презентира грчката позиција и изрази надеж дека Париз ќе направи чекори кон подобар резултат на следниот Самит во март.

-Мислам дека е уште една можност да ја покаже волјата на Грција, координирано да одиме напред со проширувањето со земјите од Западен Балкан, бидејќи ова е во интерес и на овие земји, но и на самите земји. Ќе ја презентираме оваа рамка и се надеваме дека и од она што го видовме во претходниот период, оти и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече Пецас.

Грчкиот премиер утре заминува за Париз, а на средбата со францускиот претседател ќе стане збор за темите поврзани со ЕУ, за билатералните прашања, за меморандумот меѓу Турција и Либија, како и за проширувањето на Европската унија.

Мицотакис, од Париз ќе замине за Брисел каде што во вечерните часови ќе има работна вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Next Post

Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ повикани во полициска станица

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk