Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на јавната расправа за новиот закон за Јавно обвинителство истакнаа транспарент со порака до Јавниот обвинител Љубомир Јовески, додека тој зборуваше на говорница.
Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски даде пауза од пет минути додека се собере реквизитот.
– Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое Катица ви даде незаконска наредба – пишуваше на транспарентот кој пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го спуштија од глаеријата.
Сепак, Јовески рече дека нему не му смета пораката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пласирана на недоличен начин, по што продолжи со своето излагање, а Кирацовски ја продолжи јавната расправа со зборовите: „Циркузот заврши“.