ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПССЕ ги повика земјите членки на Советот на Европа да реагираат брзо и ефикасно на секоја закана за слободата на медиумите

-Според информациите објавени од Платформата на Советот на Европа за зајакнување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите, од 2015 до 25 ноември 2019 година убиени се 26 новинари, меѓу кои и 22 случаи на неказнивост за убиство , 109 новинари во моментот се наоѓаат во притвор и се забележани 638 сериозни нарушувања на слободата на печатот извршени во 39 земји.

January 29, 2020 15:24
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Заканите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите станаа толку бројни, повторливи и сериозни, што го загрозуваат не само правото на граѓаните да бидат правилно информирани “, туку и стабилноста и правилното функционирање на нашето демократски општества “ е оценката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

–Според информациите објавени од Платформата на Советот на Европа за зајакнување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите, од 2015 до 25 ноември 2019 година убиени се 26 новинари, меѓу кои и 22 случаи на неказнивост за убиство , 109 новинари во моментот се наоѓаат во притвор и се забележани 638 сериозни нарушувања на слободата на печатот извршени во 39 земји.

Парламентарците од 47-те земји членки побараа од телата на Советот на Европа, вклучително и ПССЕ, да продолжат со својата акција во корист на безбедно опкружување за новинарите и другите медиумски актери во сите европски земји и пошироко, и целосно да се мобилизира за да ги поттикне земјите-членки „брзо и ефикасно да реагираат на секоја закана за слободата на медиумите“, со силно охрабрување и поддршка за спроведување на потребните реформи во овој поглед.

Во усвојувањето на резолуцијата, врз основа на извештајот подготвен од лорд Џорџ Фулкес (Велика Британија, СПЦ), парламентарците ги повикаа земјите-членки да создадат поволно и поддржувачко опкружување за медиумите и да го разгледаат нивното законодавство во овој поглед, со цел да се спречува злоупотреба на разни закони или одредби кои можат да влијаат на слободата на медиумите. Тие го осудија порастот на агресивното однесување и насилните вербални напади на политичарите и владините претставници против новинарите и ги повикаа „сите политички лидери да се борат против овој феномен“.

Додека проблемите се забележани на различни степени во повеќето земји, ПССЕ истакна дека ситуацијата во некои земји-членки „е многу загрижувачка“ (Азербејџан, Унгарија, Малта, Руската Федерација и Турција) во однос на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

Во однос на медиумското опкружување како целина, ПССЕ  го спомена и случајот со Северна Македонија: „дури и ако работата на новинарите останува прилично тешка и несигурна, оваа земја-членка се издвојува од 2018 година од другите земји од поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите, се вели во извештајот на Фулекс.

Тоа е преточено и во предложената резолуција на  ПССЕ, во која  поздравува овој напредок.

-Исто така, треба да го поздравиме охрабрувачкиот напредок постигнат во Северна Македонија, каде притисокот и гонењето на новинарите значително се намалија- стои во резолуцијата на ПССЕ.

Next Post

„Бренд фајнанс”: Ферари повторно е најмоќниот бренд на светот

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk