ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Бренд фајнанс”: Ферари повторно е најмоќниот бренд на светот

Ферари, од друга страна, е најмоќниот, односно највлијателниот бренд на светот, со индекс на сила од 94,1 поена од можни 100 и рејтинг од ААА плус. Сè тоа влијаело и на растот на стоковната вредност на марката за 9,0 отсто, на 9,1 милијарда долари.

January 29, 2020 15:31
in ЕКОНОМИЈА, TECH FRONT
Share on FacebookShare on Twitter

Ферари, втора година по ред е најмоќниот бренд на светот на ранг-листата на глобалните 500 светски брендови на „Бренд фајнанс” за 2020 година.

Американската компанија за интернет-трговија, Амазон, пак, трета година по ред ја задржа титулата највреден светски бренд. Имено, нивната вредност од минатогодишните 187,9 милијарди долари пораснала за 18 отсто, на 220,8 милијарди долари. 3ад Амазон, следат Гугл (САД), Епл, Мајкрософт, јужнокорејскиот Самсунг, кинескиот ИЦБЦ, Фејсбук, Волмарт, а топ 10 лист ја заокружуваат уште два кинески бранда – Пинг Ан и Хуавеј.

Ферари, од друга страна, е најмоќниот, односно највлијателниот бренд на светот, со индекс на сила од 94,1 поена од можни 100 и рејтинг од ААА плус. Сè тоа влијаело и на растот на стоковната вредност на марката за 9,0 отсто, на 9,1 милијарда долари.

По автомобилскиот гигант следат Дизни, кинески Ви-чат, Сбербанк, Делоат, Кока-кола, Тенсент, Ролекс, ПВЦ и Пеј-Пал.

Соперничките синџири супермаркети, Лидл (12,4 милијарди долари) и Алди (14,3 милијарди долари) се најбрзорастечки малопродажни брендови, со скок на вредноста од 40 и 37 отсто, соодветно.

На ранг-листата од 500 фирми, годинава има и 44 нови имиња, а највредна меѓу нив е нафтената компанија Сауди Арамко, со вредност на стоковната марка од 46,8 милијарди долари.

Во однос на Европа, германските брендови ги надминуваат другите држави. Меѓу 10-те највредни стоковни марки, дури шест се германски, а на нив отпаѓаат шест отсто од вкупната вредност на 500-те рангирани фирми. Само вредноста на брендот Мерцедес-Бенц се проценува на 65 милијарди долари, со раст од осум отсто, благодарение на зголемената продажба од 1,3 отсто, на 2,34 милиони возила 2019 година.

Европскиот сектор на луксузни стоки, исто така, бележи значаен пораст на вредноста, при што стоковната марка Луј Витон е посилна за 21 отсто, односно вкупно 16,5 милијарди долари. Следат: Гучи (раст од 20 отсто, на 17,6 милијарди) и Шанел (19 отсто, на 13,7 милијарди долари).

Next Post

Дескоска на ФБ: Од ВМРО-ДПМНЕ го бараа Јовески, а не сакаат да го слушнат

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk