ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со тркалото или под него

Истите тие лица олицетворени во новото водство на ВМРО-ДПМНЕ и во преполовената пратеничка група, сега се главните кочничари на македонските  евринтеграции. На било која реформа што на државава ѝ нуди напредок. На сѐ што е претпоставка за ново, современо, динамично, правично општество еднакво за сите. И обновата што оваа старо нова партиска гарнитура предизборно ја навестува, практично е понуда за обнова на режимот. За обнова на партиската диктатура, на политика на изолација и криминал.

January 29, 2020 08:24
in ФРОНТ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Македонија ќе го преброди и ова тивко дивеење на актуелново предизборно старо ново водство на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата од многумина сѐ уште поддржувана ретроградна актуелна партиска политика, не идеолошка, туку партиска, точно знае што во моментов сака. Тоа не е ниту државата, ниту општеството, ниту се граѓаните. Таа има само една цел – како од правдата да ги извлече своите високи поранешни и сегашни партиски функционери и финансиери чии досиеја, додека деценија и кусур беа на власт, во државава направија р`шум. Урнисаа сѐ, баш сѐ.

Тоа го евидентираат и сите десетгодишни извештаи на Советот на Европа. Значи, сѐ. Од демократија до човекови права преку изборни манипулации и кражби и уцени. Клиентелизмот го развија до совршенство. Го урнисаа секое елементарно достоинство на луѓето. Никој ниту смееше да помисли на државна работа без амин од партиската централа. Раните од таа диктатура, од тој подземен партиски режим, Македонија ќе ги санира уште долго.

Но лек за тоа нема да има сѐ додека на македонската јавна политичка и општествена сцена и натаму комотно пливаат продуцентите и актерите на тој режим. На таа државно партиска тортура. На тие крадења, на тие уцени, притисоци, апсења и на тие сваровски судења. На таа диктатура што продуцираше страв, молк, послушност, слугување. На таа политика што манифестираше дегутантен, извитоперен, лажен патриотизам. На онаа бескрупулозна партиска доктрина која онака, од око, од тепка, жигосуваше, оцрнуваше, лустрираше, продуцираше предавници. И која подгреваше и промовираше изолација и лажен патриотизам.

Истите тие лица олицетворени во новото водство на ВМРО-ДПМНЕ и во преполовената пратеничка група, сега се главните кочничари на македонските  евринтеграции. На било која реформа што на државава ѝ нуди напредок. На сѐ што е претпоставка за ново, современо, динамично, правично општество еднакво за сите. И обновата што оваа старо нова партиска гарнитура предизборно ја навестува, практично е понуда за обнова на режимот. За обнова на партиската диктатура, на политика на изолација и криминал. Го нудат тоа истите оние креатори и актерите на деценискиот режим. Друго и не ниту умеат да понудат зашто партијата им остана нереформирана. Кадровски необновена, идеолошки обезличена. Ова ВМРО-ДПМНЕ остана заробено во сопствената тоталитарна матрица.

Сега, нивната најнова акција е насочена кон уривање на понудениот реформски Закон за јавното обвинителство. Кон минирање на една од важните алки за заздравување на правосудниот систем. На тој наш руиниран фундамент на демократијата, слободата и правдата.

Но, во ДПМНЕ уште не можат да согледаат дека и правосудното реформско тркало почна да се тркала и дека, кај и да е, виновните ќе се најдат под него. И дека од тоа враќање нема. И дека со нив или без нив, Македонија забрзано тргнува на патот на европските вредности.

Па, ќе се движат ли со тркалото или ќе паднат под него, сега тоа само од нив зависи.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Продолжува јавната расправа за законот за јавно обвинителство

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk