ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Запад ги отпиша, Исток не ги ни попиша

Не е ни Мицкоски сосема виновен за оваа ситуација. Неговата пратеничка група во Собранието во најголем дел е вон негова директна контрола; веројатно малкумина од тие пратеници можат да сметаат за повторен „ангажман“ на партиските изборни листи; а и десетина најгласни се директно во списокот на обвинети од некогашното СЈО...

January 29, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Кога дури и необично повлечената американска амбасадорка најде за потребно да им се придружи на своите европски дипломатски колеги во сугерирањето дека овој, несовршен, предлог на Законот за јавно обвинителство треба да се донесе што побрзо, пред изборите, тогаш е јасно дека опозицијата по којзнае кој пат се наоѓа во истата ситуација како со години наназад: никако не успеваат да ги антиципираат потезите на меѓународната заедница, за да се обидат со своето политичко поведение да им парираат на конструктивен и продуктивен начин.

А темата на која инсистираат странците е иста со години – нема „затворање“ на процесуираните случаи за криминал правен за време на претходната власт, па макар за нов јавен обвинител да дојдат двете тела во едниот правосуден дух на брачниот пар Маневски, а Катица Јанева да биде протерана на Островот на змиите во Преспанското Езеро!

Опозицијата, сепак, нема да гласа за Законот, бидејќи сега е веќе предоцна за менување на нивните ставови. Тие се надеваат на победа на изборите, за да изгласаат „свој“ закон. Очекуваат дека, доколку се случи тие да ја формираат следната влада, меѓународната заедница ќе си „легне на брашно“ и ќе го прифати „свршениот чин“ на запирање на „прогонот“ на десетици функционери на опозицијата кои се дел од процесите на некогашното СЈО. За тоа ќе треба извесна „чадна завеса“ за што не кријат дека ќе уприличат и нови театрални апсења, почнувајќи од Заев.

Лоша им е таа стратегија, бидејќи тоа размислување на изборите ќе ги однесе со уште една „рецка“ на „рабушот“ на нивната конфронтација со главните странски партнери на Македонија. Тоа дополнително ќе ги одбие оние гласачи кои не се од нивното „тврдо“ гласачко партиско тело, а кои, незадоволни од СДСМ, размислуваат дали да излезат и за кого да гласаат на изборите. Таквите несигурни, но потенцијални гласачи се уморни од постојаната кавга на опозицијата со меѓународниот фактор. Нема таму расположение за „уште една“ реприза на нивните бројни изгубени битки на темата „Македонија против сите“!

Од друга страна, не е ни Мицкоски сосема виновен за оваа ситуација. Неговата пратеничка група во Собранието во најголем дел е вон негова директна контрола; веројатно малкумина од тие пратеници можат да сметаат за повторен „ангажман“ на партиските изборни листи; а и десетина најгласни се директно во списокот на обвинети од некогашното СЈО… Како Мицкоски, дури и кога би сакал, да им наметне став кој би бил различен од нивниот суштински интерес македонското правосудство не да не се реформира, туку да „цркне“ ако може, кога веќе не може да се вратат „златните години“ од тефтерчињата на Гордана?!

Во изминатите 2-3 години раководството на опозицијата не успеа да стане доверлив партнер на нашата сојузничка, западна меѓународна заедница. Не предвидоа ништо, промашија речиси во сите проценки, а во неколку клучни политики и директно се конфронтираа со неа. Сигурен сум дека тоа ќе им се испостави како многу погрешен изборен влог. Ако не ме лаже впечатокот, кај „странците“ нема да има многу ужалени фаци ако ВМРО-ДПМНЕ добие нови четири години во опозиција за сопствена сериозна идеолошка и кадровска реформа.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Со тркалото или под него

НАЈНОВО

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk