ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ден на жалост во Косово: Загина „Херојот на Косово“

Полицаецот Сами Тачи загина, а двајца негови колеги беа повредени, во акција за приведување на лицето Иран Бадали, осомничен за повеќе кривични дела.

January 30, 2020 08:56
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот претседател Хашим Тачи го прогласи денешниот ден, 30 јануари, за ден на жалост во земјата, во чест на полицаецот Сами Тачи, кој го загуби животот вршејќи ја службената должност за време на полициска акција во вторникот вечерта во селото Жур во близина на Призрен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во знак на државна и граѓанска почит, државните знамиња денеска ќе бидат спуштени на половина копје во сите државни објекти на Република Косово, внатре и надвор од државата, се вели во соопштението од кабинетот на Тачи. Претходно, вчера, претседателот на државата го одликува загинатиот полицаец, кој бил поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, со орденот „Херој на Косово“.

Полицаецот Сами Тачи загина, а двајца негови колеги беа повредени, во акција за приведување на лицето Иран Бадали, осомничен за повеќе кривични дела.

Според официјални полициски извори, Бадали во неговата куќа поставил експлозивна направа, која се активирала додека припадниците на полицијата вршеле претрес во внатрешноста на објектот. Во експлозијата е ранет и 11-годишниот син на Бадали.

Повод за полициската акција во вторникот вечерта билo јавувањето во полицијата во Призрен на 7-годишната ќерка на Бадали, која пријавила насилно однесување на нејзиниот татко.

Во текот на вчерашниот ден Бадали е уапсен и задржан во притвор за натамошна процедура.

Next Post

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk