ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Сесијата започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените.

January 30, 2020 08:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Откако беа оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур на почетокот на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Комисијата за правила (деловнички прашања) на ПССЕ одлучи да и ги ратификува акредитивите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Сесијата започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените.

Македонското собрание со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, што го става на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја.

По објаснувањата од македонската делегација во состав Никола Попоски, Шпреса Хадри и Бетиан Китев, беа прифатени акредитивите, со оглед дека делегацијата брои само три члена и уште три нивни заменици, а меѓу замениците има уште една жена пратеник. Во случај ако делегацијата беше побројна, тогаш можеше да има поголема родова застапеност, со почитување на политичката застапеност во Собранието на Северна Македонија.

Инаку Комисијата за правила на Собранието заклучи дека треба да бидат ратификувани акредитивите на уште две национални делегации оспорени на процедурални основи на отворањето на сесијата – оние на Молдавија и Шпанија, додека за  Руската Федерација одлуката беше донесена на ниво на ПССЕ. Мислењето на комитетот беше доставено во писмото до Претседателот, кое беше прочитано на пленарна сесија без расправа.

Што се однесува до ингеренциите на молдавската делегација, таа беше оспорена со образложение дека опозициската партија Сор не е застапена, комисијата заклучи дека нејзиниот состав треба да биде ратификуван, при што истакна дека „едно празно место на заменик е во принцип доделено на партијата Сор“ и посочи дека партијата одбила да го назначи својот член.

Во врска со акредитивите на шпанската делегација, оспорена со образложение дека не вклучува членови на партијата „Вокс“, Комисијата заклучи дека исто така треба да бидат ратификувани и нејзините акредитиви. Притоа беше забележано дека парламентот има назначено привремена делегација, која има три слободни места за заменици, додавајќи: „Фактот дека има слободни места во шпанската делегација подразбира дека членовите на групата Вокс, кои во моментов не се застапени во делегацијата, ќе бидат во можност да се придружат на истата“.

Next Post

Царовска: Материјално обезбедивме 12 илјади стечајци до пензионирање

EVN

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk