ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕК на 5 февруари ќе ја предложи новата методологија за проширување

Сакам да ги слушам сите страни и да видам како се спроведува договорот од првата фаза од меѓупартискиот дијалог. Сакам да слушнам за промените во условите за парламентарните избори што се очекуваат напролет, изјави Билчик.

January 30, 2020 18:01
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија својот предлог за нова методологија за процесот на пристапување во ЕУ ќе го претстави на 5 февруари во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Танјуг објави дека еден ден подоцна, на 6 февруари, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лично ќе ги изнесе новите упатства за политика за проширување на ЕУ за време на посетата на Белград.

Откако Советот на ЕУ кон крајот на минатата година ја задолжи Европската комисија, да изработи предлог на нова методологија за пристапниот процес за земјите-кандидатки на ЕУ, од Комисијата изјавија дека го финализираат документот и дека наскоро ќе го претстават.

– Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го подобриме процесот, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонро.

Иако ЕК сè уште нема излезено со конкретен датум, извори на ЕУ најавуваат дека предлог за новата методологија, на која работи комесарот за проширување Оливер Вархели, треба да биде усвоен на состанокот на комесарите в среда на 5 февруари, а потоа да биде претставен и на прес-конференција во Брисел.

Во Брисел оценуваат дека документот, кој треба да одговори на загриженоста на одделни земји-членки заради ефекасноста на досегашниот процес на пристапување во ЕУ, ќе биде „концизен“, со конкретни предлози за модернизација и подобра ефикасност на пристапниот процес, без промена на самата политика за проширување на ЕУ, објави Танјуг.
Дека Србија следната недела директно од Вархеји ќе добие „свежи вести“ за тоа како ЕУ планира да продолжи со проширувањето, најави и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.

Билчик изјави дека ќе допатува во Србија заедно со еврокомесарот за проширување, како дел од делегацијата на Европскиот парламент.

Оваа посета се очекува на 6 и 7 февруари, ден по претставувањето на новата методологија на политиката за пристапување на 5 февруари во Брисел.

– Се надевам дека ќе можеме да испратиме важна и јасна порака за нашата заложба за проширување и да донесеме вести за методологијата која ќе ја објави Европската комисија, кажа Билчик.

Известувачот за Србија вели дека вториот дел од неговата посета на Белград ќе биде посветен на разгледување на резултатите од меѓупартискиот дијалог за подобрување на изборните услови во Србија.

– Сакам да ги слушам сите страни и да видам како се спроведува договорот од првата фаза од меѓупартискиот дијалог. Сакам да слушнам за промените во условите за парламентарните избори што се очекуваат напролет, изјави Билчик.

Претходно, и шефот на Делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Тања Фајон, најави дека ќе ја посети Србија на крајот на следната недела, заедно со еврокомесарот Вархеји.

Next Post

Спасовски упати телеграма со сочувство за смртта на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk