Камион со тетовски регистарски таблички утрово се преврте на автопатот Скопје – Тетово блокирајќи ја едната коловозна лента, пренесе Алсат М.
Според првичните информации во камионот имало две лица, возач и совозач, кои се пренесени во тетовската болница.
Неофицијално, двајцата повредени се во стабилна здравствена состојба.