Од една страна исламофобите кои тврдат дека исламот и жената муслиманка немаат место во системот и од друга страна истомислениците од редовите на муслиманите кои потврдуват, да, да, местото на жената е во кутија, изолирана во заедница и никако не треба да премине на другата страна.
Вака активистката за човекови права, и една од најистакнатите борзи за правата на жената, Мерсиха Смаиљовиќ ја опишува позицијата на жената муслиманка како во нашето општество така и пошироко.
На трибина по повод денот на марамата, организирана од Унијата на студентите Албанци, која се одржа во Скопје, Смаиљовиќ истакна дека жената муслиманка е дискриминирана по неколку основи, прво по полова основа (само бидејќи е жена), второ поради верската припадност, а третата дискриминација доаѓа многу често од примитивизмот на одредени припадници на муслиманската заедница.
Мерсиха Смаиловиќ во нејзиниот говор тврди дека жената муслиманка денеска се наоѓа меѓу говорот на омраза кон исламот и ехото на примитивните соверници.
А.Зеќири