ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цако ќе работи во Град Скопје

Цако ќе биде ангажиран во одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во областа а неговите познавања за целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

February 3, 2020 13:38
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО

Александар Матовски или познат како Цако од денес е дел од тимот на Град Скопје.

– Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже и докаже дека лицата со каква било попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси, да се грижат за заедницата, велат од Град Скопје.

Цако ќе биде ангажиран во одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во областа а неговите познавања за целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

– Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже дека лицата со било каква попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси и да се грижат за заедницата. Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството. Многу често досега, особено во изминативе две години преземаме активности со кои докажуваме дека овој град се грижи за сите свои граѓани без исклучок и подеднакво ги вреднуваме. Во тој контекст, минатата учебна година за прв пат Град Скопје додели парична награда за првенци на генерација од градските средни училишта во категорија за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијаta. Со тоа, на лицата со попречености им овозможуваме еднакви можности за натпревар и признавање на успесите. Исто така за прв пат обезбедивме и стипендии за средношколците со попречености како и образовни асистенти кои им помагаат во наставата. Ваквите чекори покажуваат дека ги препознаваме можностите кај секој човек без разлика дали се соочува со некаква попреченост или не, овозможуваме еднакви шанси за сите и вложуваме за нивен личен и професионален развој – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој потсети дека Градот Скопје изминативе две години реализираше многу нови активности за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и активно се вклучи во деинституционализацијата преку поддршка на малиот групен дом и обезбедување услуги во домашни услови за социјално ранливите категории на граѓани.

– Мојата заложба и улогата на Град Скопје за развој и унапредување на инклузивното општество се поддршка за создавање еднакви услови за живот за сите наши сограѓани. Апелирам до сите, да даваме шанса без дискриминација, да се отвориме кон различнoстите и да дозволиме вредноста на секој поединец да биде еднакво третирана и признаена. По некоја случајност, првиот работен ден на Цако е всушност и негов роденден. Цако, среќен роденден и добредојде во Град Скопје – пожела градоначалникот Шилегов.

Цако денеска се заблагодари на укажаната прилика и рече дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји.

Next Post

„Ми се води љубов“ - видео спот на ФОЛТИН во режија на Милена Виитман

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk