ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дигитални политички неранимајковци

Оние кои гледаат некаква политичка корист од ширењето предизборна несигурност во општеството и чувство за нефункционирање на државата нема да се ограничат само на палење на контејнери или друг вид на „физички“ провокации. Како што знаеме и од светските искуства, во кои Велес се истакна до незамисливи „височини“, кампањите на социјалните мрежи или информатичкото уривање на големите државни системи понекогаш можат да предизвикаат вистински хаос, како кога во преполната општествена „кино-сала“ лажно ќе извикате „Пожар!“.

February 3, 2020 08:50
in МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Минатата недела, без поголемо внимание во генералната јавност, помина петочната вест на сајтот на „Слободен печат“ (slobodenpecat.mk) дека нивниот портал, еден од најчитаните десетина информативни македонски сајтови, со денови е предмет на интензивни и агресивни хакерски напади чија намера е да го блокираат или, барем, да го намалат сообраќајот на оваа веб-платформа. Тие напади имале ограничен успех, бидејќи неколку денови порталот беше успорен, а повремено и недостапен за пошироката „дигитална“ јавност.

Овој вид на тнр. „Ди-Дос“ напади се прилично вообичаени во светот на „валканите стратегии“ во електронските комуникации: просто речено, одредени веб-платформи се напаѓаат со огромен број (илјадници, милиони) „кликања“ од моќни анонимни сервери низ светот (од Кина, Индија и сл.), па за одреден временски период сообраќајот и достапноста на нападнатиот сајт се загушува и успорува, а често и се блокира на одреден период.

Од комерцијални, но и заради безбедносни причини, серверите на „Слободен печат“ се лоцирани во Франција, во тамошни адекватно капацитетни информатички компании, кои можат да издржат различни злонамерни напади и обиди за неавторизирани упади и други злоупотреби.

Во овој случај, токму француската компанија која ги пружа овие услуги направила точна идентификација на изворите на главните напади врз „Слободен печат“: се работи за недвосмислено утврдени пет ај-пи адреси (извори на непријателските напади) кои припаѓаат на компјутерските центри на едно владино министерство во Македонија, на една од овдешните најголеми државни енергетски компании, на еден од државните универзитети, како и на главните ај-пи адреси на една нашиве национални телевизии и на една од најголемите информатички македонски компании која и самата поседува неколку информативни интернет платформи.

„Слободен печат“ ја извести јавноста дека, со цел да ги заштити своите морални и деловни интереси, потребните докази за овие илегални информатички операции минатата недела се предадени на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Занимливо, по објавувањето на оваа информација во петокот, нападите врз „Слободен печат“ наеднаш престанаа.

Овој случај на домашен дигитален криминал не смее да остане без последици. Само по себе е загрижувачки што капацитетните сервери на државни институции се користат за злонамерни, казниви компјутерски активности, иако таквата злоупотреба може да се идентификува, бидејќи пристапот до информатичките центри на институциите е високо регулирана област во која, по име и презиме, се знае кој има можност и во кој период да ги изврши тие злоупотреби. Тоа важи и за двете приватни компании.

Бидејќи веќе интензивно сме влезени во предизборен период, на овие недозволиви кампањи треба да се обрне посебно внимание. Памтите, за време на минатите избори, на сличен начин беа нападнати серверите на Државната изборна комисија, а деновиве во домашниот „информатички свет“ се говори и за други компании во земјава кои доживуваат слични напади и рушења на нивните дигитални платформи.

Оние кои гледаат некаква политичка корист од ширењето предизборна несигурност во општеството и чувство за нефункционирање на државата нема да се ограничат само на палење на контејнери или друг вид на „физички“ провокации. Како што знаеме и од светските искуства, во кои Велес се истакна до незамисливи „височини“, кампањите на социјалните мрежи или информатичкото уривање на големите државни системи понекогаш можат да предизвикаат вистински хаос, како кога во преполната општествена „кино-сала“ лажно ќе извикате „Пожар!“.

Можеби ова, сега, некому му се чини наивно… Потоа, обично, е предоцна за правовремена реакција. Хакерите се криминалци во „бели ракавици“. Но, сеедно се опасни виртуелни криминалци, со свои јасни, реални агенди.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Двоен Трибунал

July 14, 2025
Скриншот

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

July 14, 2025

Кривичен: Сите уверенија и потврди од казнена/кривична евиденција и уверенија за вршење дејност поднесени до 11 јули се изготвени и граѓаните може да ги подигнат

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk