Човечката рипка е водоземец која живее на подрачјето на Динаридите, односно во подземните води на Словенија, Хрватска, БиХ и Црна Гора. Не се движат многу, но една е рекордер.
Ова животно се прилагодува на животот во потполна темница, има бледа кожа и нема развиени очи. Може да живее со децении, а понекогаш и до стотина години.
„Само седат и ништо не прават“, вели Ѓерѓели Балаш од Универзитетот Еотвос Лоранд во Будимпешта за човечките рипкои кои живеат во Европа.
До сега научниците собираа податоци од примероци во заробеништво, затоа што е тешко овие водоземци да се следат во природа. Но, Балаш и колегите направија едно подолготрајно истражување, на 19 рипки во природата, пишува Index.
Следеле рипки во пештерата Вртуљак 1 во БиХ.
Меѓу 2010 и 2018 година повеќепати оделе во пештерата и означувале рипки со вбризгување црн пигмент во нивната опашка. Секој пат го мереле растојанието кое го поминувале.
Еден од примероците не мрднал од место веќе седум години.
Повеќето од првобитната позиција се оддалечувале до 10 метри годишно, во просек пет метри, најактивната поминала 38 метри во 230 дена, но најголемиот интроверт останал на исто место 2.569 дена, односно повеќе од седум години.
Научниците велат дека можно е да се придвижила рипката но во круг или во мал ограничен простор.
Неактивниот начоин на живот на човечката рипка има смисла, затоа што тие се грабливки кои чекаат да дојде рачке во нивна близина, што ретко се случува, а тие го успоруваат метаболизмот за да штедат енергија.