ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Не може за 8060 денари минимална плата во 2017 година да биде исто со 14 500 денари сега

„Ако зборуваме за минималната плата, мислам дека и работодавачите разбраа, сфатија дека мора да се подигнат платите за да имаме мотивација и да има поголема продуктивност.“, посочи Спасовски. За наводите за стопанственици кои бараат дел од минималната плата работниците да им вратат на рака, тој ги охрабри работиците таквите случаи веднаш да ги пријават.

February 3, 2020 21:43
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одговарајќи на прашања на новинари на „жешкото столче“ на Топ Тема на ТВ Телма во врска со критиките за зголемувањето на минималната плата и наводниот негативен ефект врз економијата и продуктивноста на вработените, премиерот Спасовски посочи дека минималната плата е потреба и дека ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста кај работниците.„Во секој извештај постојат позитивни и негативни критики и негативните критики служат за анализа. Јас не се согласувам дека зголемувањето на минималната плата ќе влијае негативно на економијата и тоа не е така, тоа го покажуваат сите показатели. Не може за 8060 денари минимална плата во 2017 година да биде исто со 14500 денари минимална плата сега. Ако отидете да разговарате со вработени во текстилната, кожарска индустрија ќе видите дека навистина тоа е потребно, тоа ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста на работниците..“, рече Спасовски вчерва на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма.

„Ако зборуваме за минималната плата, мислам дека и работодавачите разбраа, сфатија дека мора да се подигнат платите за да имаме мотивација и да има поголема продуктивност“, посочи Спасовски. За наводите за стопанственици кои бараат дел од минималната плата работниците да им вратат на рака, тој ги охрабри работиците таквите случаи веднаш да ги пријават.

Сметавме дека мора да дојде прво до зголемување на платите во јавното здравство, доктор на клиника во 2017-та земал 30.000 денари, сега 90 или 100 илјади денари Во врска со зголемувањето на платите во јавното здравство, Оливер Спасовски во гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма посочи дека јавното здравство и зголемувањето на платите во овој сектор бил приоритет на оваа влада.

„Ние сметавме дека мора да дојде прво до зголемување на платите во јавното здравство затоа што ниските плати и условите за работа се сосема поразлични отколку било каде во приватните болници или некаде во други држави. Ако имате доктор на клиника којшто земал примања 30.000 денари во 2017 а сега зема 90 или 100.000 мора да признаеме дека тоа не е мало зголемување и во делот на мотивацијата итн.. Во терцијалното здравство скоро сите така земаат во тој дел на платите, секако дека е важен и медицинскиот персонал“, истакна Спасовски

Next Post

Заев на Клан ТВ: Лузните од 27 април се потврда колку сакам да успее концептот Едно општество за сите

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk