ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радев: Веќе немам доверба во бугарската Влада

– Веќе три години ја повикувам Владата да работи одговорно и ефикасно во интерес на бугарските граѓани. Не го правев тоа како политички опонент, туку како шеф на државата, со мисла и грижа за иднината на Бугарија. За жал, тоа не се случи. Сега сме сведоци на голема криза во владеењето на сите нивоа, оцени Радев.

February 4, 2020 13:25
in РЕГИОН

Од денеска официјално немам доверба во Владата, која не дејствува во интерес на бугарските граѓани, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во обраќањето до нацијата.

– Веќе три години ја повикувам Владата да работи одговорно и ефикасно во интерес на бугарските граѓани. Не го правев тоа како политички опонент, туку како шеф на државата, со мисла и грижа за иднината на Бугарија. За жал, тоа не се случи. Сега сме сведоци на голема криза во владеењето на сите нивоа, оцени Радев.

Тој оцени дека недостигот на волја за реформи и за борба против корупцијата, системското погазување на законите и моралот ја довеле Бугарија до парализа на целиот општествен систем и институции, што според него, е случај без преседан во бугарската историја, пренесува БГНЕС.

Радев потсети дека жителите на Перник и на околината се оставени без вода, за што владиниот кабинет одбил да преземе политичка одговорност.

„Истрагите на странските медиуми и институции фрлија светло на управувањето со отпад и горењето странски отпад кај нас, што ги труе нашиот воздух и природа. Бугарија не е депонија и никој нема право да се коцка со здравјето на Бугарите со цел да профитира грст бизнисмени со државна заштита“, критикува Радев.

Бугарскиот претседател, исто така, тврди дека Владата вршела притисок за реформа на Монетарниот одбор, за што Бугарите, според него, чекаат јасни објаснувања. – Законодавството станува заложник на лоби интереси, а сиромаштијата и нееднаквоста се продлабочуваат, истакна Радев.

– Се тргува дури и со националниот суверенитет во име на лична политичка корист, обвини шефот на бугарската држава.

– Институциите што се повикани да бидат независни и да го поддржуваат законот, први го прекршуваат, станувајќи инструмент на власта. Државните органи си дозволуваат да ги заплашуваат неистомислениците и демонстрантите. Постои организиран напад врз граѓанските слободи. Оваа Влада и администрација  води до пропаѓање на државноста и не лишува од нашата иднина како нација. На сето ова мора да се стави крај, потенцира Румен Радев, потенцирајќи уште еднаш дека веќе нема доверба во Владата.

– Драги сонародници, денес поделбата не е на леви и десни, престолнина и провинција, туку меѓу корумпираната власт и милиони чесни Бугари. Во борбата за одбрана на нашите права, јас сум со вас. Иднината на Бугарија е слободна, европска земја во која граѓаните не се плашат од репресија, туку се потпираат на закон и морал, поентираше Радев и повика на обединување заради правдата и државноста – за доброто на Бугарија.

Next Post

Плевнелиев: И се објавува војна на владата за Бугарија да не влезе во еврозоната

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk