ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Плевнелиев: И се објавува војна на владата за Бугарија да не влезе во еврозоната

-Внимателно ја слушав тезата на претседателот за монетарниот борд. Во едно свое претходно интервју претскажав дека првата половина од оваа годинава ќе бидеме сведоци на најважната политичка битка во Бугарија, а тоа е битката за влез на земјата во еврозоната. Доколку Бугарија влезе во еврозоната тоа ќе биде до април, кога очекуваме да бидеме поканети во чекалната, а тоа ќе значи конечно откинување на Бугарија од руската геополитичка сфера. Тоа ќе значи нова силна фаза на Бугарија во еврозоната. Бев сигурен дека сите во Бугарија, кои се против новата фаза на интеграција на нашата земја во еврозоната, на еден или друг начин ќе попуштат со нервите, добро ќе се организираат и ќе почнат да дејствуваат и вие веќе тоа  го гледате, додаде Плевнелиев.

February 4, 2020 13:27
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот претседател стави се на една карта – дека тој е моралната вертикала, а на крајот истури гром и тресок. Гледаме дека генералот-претседател има потреба од војна, затоа што нема своја кауза, изјави поранешниот претседател Росен Плевнелиев ( 2012-2017) во коментар за БНР за  прекинот на довербата на претседателот Румен Радев во владата, што го објави предмалку во својот говор до нацијата.

-Внимателно ја слушав тезата на претседателот за монетарниот борд. Во едно свое претходно интервју претскажав дека првата половина од оваа годинава ќе бидеме сведоци на најважната политичка битка во Бугарија, а тоа е битката за влез на земјата во еврозоната. Доколку Бугарија влезе во еврозоната тоа ќе биде до април, кога очекуваме да бидеме поканети во чекалната, а тоа ќе значи конечно откинување на Бугарија од руската геополитичка сфера. Тоа ќе значи нова силна фаза на Бугарија во еврозоната. Бев сигурен дека сите во Бугарија, кои се против новата фаза на интеграција на нашата земја во еврозоната, на еден или друг начин ќе попуштат со нервите, добро ќе се организираат и ќе почнат да дејствуваат и вие веќе тоа  го гледате, додаде Плевнелиев.

„Ние се гордееме со монетарниот борд на Бугарија, таму има целосен национален консензус, тој не треба да се закача, тој ќе прерасне во чекалната на еврозоната со истите параметри што се вложени од пред 20 години. Најголемата лага која ја слушнавме е дека се прави каква и да е реформа во монетарниот борд“, подвлече Плевнелиев.

-Ние си префрламе за нешто што суштествува од пред 20 години, за патот кон еврозоната, со истиот курс, со истата економија, со истите банки. Тоа што се случува е попуштање на нервите. На владата и се објавува војна за Бугарија да не може да влезе во еврозоната, категоричен е Плевнелиев.

„Претседателот го има тоа право, прифаќам дел од аргументите на Радев, драмата е очигледна – нереформирано обвинителство, нереформиран здравствен сектор, демографска криза, сето тоа е факт, но тој не е од вчера и од денеска. Улогата на претседателот е да даде поттик за развој“, коментира уште поранешниот бугарски претседател.

-Нека претседателот ги повика сите овие луѓе и државни институции да работат заедно. Дијалогот зависи од шефот на државата. Откако три години плукаше по собранието, ги наруши своите уставни обврски, откако  војуваше против владата, ја плукна нашата држава пред целиот свет, имавме успешно претседателство, тоа ли е тешка геополитичка криза, за кока зборува, запраша Плевнелиев.

„Ние имаме една ефикасна надворешна политика, државата се модернизира, земјоделието оди напред. Денеска има политичка волја да се преземе некакво решение“, посочи уште Плевнелиев.

-Прекинот на довербата во владата е политическа и морална одлука на шефот на државата. Во последните три години претседателот  постојано водеше своја војна со владата и со собранието, па сега веќе се знае дека тоа е неговата генералска битка. Радев не се чувствува добро како претседател на Бугарија, тој не ја игра оваа улога,  а и не сака да ја игра, наведува Плевнелиев.

„Битката допрва претстои. Тоа е битката за интеграцијата на Бугарија во ЕУ, битката за влезот на Бугарија во еврозоната. Доколку ја изгубиме оваа битка заради Радев, остануваме сиромашни и вечно зависни од интересите на една империја“, посочи поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев во својот коментар за БНР по обраќањето на актуелниот претседател Румен Радев до нацијата.

Next Post

(ВИДЕО) Шилегов обелодени скандал со ужасна содржина од несовесно постапување со медицински отпад

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk