ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрадули: „Дрисла” требаше да направи инсталација што ќе произведува РДФ алтернативно гориво

Она што е решение во државата, што требаше, а не го направи „Дрисла” е да се направи кај нас инсталација што ќе произведува РДФ. Тоа е решението, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

February 5, 2020 14:49
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што е решение во државата, што требаше, а не го направи „Дрисла” е да се направи кај нас инсталација што ќе произведува РДФ. Тоа е решението, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

– За да немате купишта отпад, тој да се обработи и тие купишта да ги нема, бидејќи тие купишта отпад ја загадуваат почвата и воздухот, туку да ги обработите и од домашни извори помалку да се извезува и повеќе да се искористат како ресурси, а со тоа да се остварат принципите на циркуларната економија. Впрочем, тоа го пишува и во новиот Њу Грин Дил на новата Европска комисија. Во А интегрираната дозвола и во Оперативниот план, МЖСПП и даде обврска на претходниот состав на „Дрисла”. Кога ќе добиете А интегрирана дозвола имате правила како се постапува. Сите компании што имаат А интегрирана дозвола имаат план  што треба да направат ако се случи нешто, дека мораат да инсталираат своја мерна станица за мерење на емисиите во воздухот, мораат да имаат пречистителна станица. Тие се правила и прописи и тоа го прави Министерството. Бидејќи не ги исполниле условите да влезат во креирањето на изградба на инсталација за преработка која генерира РДФ алтернативно гориво, дел од тоа беа причините зошто и се одзеде дозволата, посочи Макрадули при посетата на градинката Панорама-Водно.

На новинарско прашање околу тоа дека има информации дека пратениците од владејачкото мнозинство се согласиле да го гласаат законот за забрана на увоз на отпад, тој одговори дека не може да влијае врз нив во носењето одлуки, туку дека само ќе ги каже аргументите.

– Јас бев пратеник 14 години во Парламент и пратениците се самостојни во носењето на одлуките. Јас не можам да влијаам, освен да ги кажам аргументите. Јас ќе се согласам со дел од изјавите на невладините организации, пред се од О2 коалицијата дека овој закон е недоречен и дека тој нема да ги реши работите. Самиот закон е неприменлив. Ако следите по медиумите, конечно се потврди она што го зборувавме ние како Министерство, односно од експертски аспект. РДФ горивото е алтернативно гориво кое не е опасен отпад. Ако не се користи РДФ кој што се користи за намалување на ЦО2 емисиите, за намалување на стакленичките гасови, тогаш компаниите што тоа го прават ќе треба да користат друг енергенс кој не е во домен на МЖСПП, а тоа значи мазут и петрол кокс кои се енергенси што загадуваат, изјави Макрадули.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на новинарско прашање во врска со најавата на Движењето за чист воздух за блокирање пред Цементарница Усје, рече дека Државниот инспекторат за животна средина постојано вршат редовни и вонредни контроли и се проверуваат емисиите што се во воздухот.

– Не се запрени контролите  и не се попушта на никого. Тоа е јасно во овој период. И за тоа кога оваа година првпат беа мерките, еднаш се доведовме во ситуација на алармирање, едната од печките во компанијата не работеше, рече Макрадули.

Тој повика на широка дебата, каде експертите од оваа област ќе можат да го кажуваат своето мислење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обвинение за јавувачот за лажната бомба во „Сити мол“

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Македонските фудбалери на контролен натпревар со Саудиска Арабија

September 4, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски Фотомонтажа / А. М.

AA: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“ изнесени од Антонио Милошоски?

September 4, 2025

Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk