Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“, фирмата која несоодветно обработувала медицински отпад во Скопје, во 2012-та година започнува со ширење на империјата. Помогнат директно од власта на ВМРО ДПМНЕ, во годините кога режимот на Никола Груевски беше инсталиран во целото општество.
Сашо Јанакиевски и Никола Груевски имале взаемна корист еден од друг. Екс-премиерот со наместени тендери му овозможувал на бизнисменот да стане главен играч на пазарот со отпад, а во отпадот има пари и корупција, што не може ни да се замисли колку. Во превод, дел од парите кои Јанакиевски ги земал од народот сигурно морал да ги искешира кај Груевски или во ВМРО ДПМНЕ.
Нивната врска како режимски премиер и биснизмен во подем била под покровителство на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Озлогласениот политичар од Будимпешта го држи тој триаголник ден денес, а ако е така, тогаш во игра и натаму се пари. Познато е дека и Орбан, како и Груевски се одржува на власт со пари, корупција и моќ.
На криминалецот Груевски, Орбан му обезбеди политички азил, иако за него е одредена затворска казна во досието „Тенк“, а му следат уште неколку. Јанакиевски пак, го постави за директор на Унгарските трговски куќи за Скопје, да му биде човек преку кого ќе вртат милиони, и тоа јавни пари на унгарските граѓани. Тој проект на Орбан со трговските куќи е инсталиран низ неколку држави во регионот, но проследен беше со многу коруптивни скандали. Инаку, Орбан за директори на трговските куќи поставуваше лица познати на кривичната евиденција.
Покорноста на Јанакиевски пред Орбан, а со тоа и пред Груевски, се гледа при неговите јавни настапи кога тој поставува фотографија со Орбан зад него. Иако, малку познат за јавноста од времето на режимот, сепак Јанакиевски е ден од многуте што пливал во матното време на ВМРО ДПМНЕ.
Од 2012-та до 2016-та неговата фирма бележи драматичен скок. Му се нижат тендерите и за тие години кога ВМРО ДПМНЕ е најмоќно, тој имал преку 100 тендери, вредни милиони евра. Нема многу да се погреши ако се претпостави дека дел од тие милиони завршувале и за финансирање на партијата на Груевски.
Јанакиевски не се задоволувал со многу, туку сакал премногу, па му се делеле тендери во болници, општини, државни институции, или едноставно добивал се што ќе посака, а тоа кај Орбан и кај Груевски има цена.
Значи, колку и гласно да вика ВМРО ДПМНЕ и да ја носи водата на друга воденица, сепак печатот дека Јанакиевски е вмровец не може да се избрише.