ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ направи империја со отпадот на ВМРО ДПМНЕ

Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“, фирмата која несоодветно обработувала медицински отпад во Скопје, покорно стои пред Орбан, а со тоа и пред Груевски. Тоа се гледа и при неговите јавни настапи кога тој поставува фотографија со Орбан зад него. Иако, малку познат за јавноста од времето на режимот, сепак Јанакиевски е ден од многуте што пливал во матното време на ВМРО ДПМНЕ.

February 5, 2020 14:24
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“, фирмата која несоодветно обработувала медицински отпад во Скопје, во 2012-та година започнува со ширење на империјата. Помогнат директно од власта на ВМРО ДПМНЕ, во годините кога режимот на Никола Груевски беше инсталиран во целото општество.

Сашо Јанакиевски и Никола Груевски имале взаемна корист еден од друг. Екс-премиерот со наместени тендери му овозможувал на бизнисменот да стане главен играч на пазарот со отпад, а во отпадот има пари и корупција, што не може ни да се замисли колку. Во превод, дел од парите кои Јанакиевски ги земал од народот сигурно морал да ги искешира кај Груевски или во ВМРО ДПМНЕ.

Нивната врска како режимски премиер и биснизмен во подем била под покровителство на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Озлогласениот политичар од Будимпешта го држи тој триаголник ден денес, а ако е така, тогаш во игра и натаму се пари. Познато е дека и Орбан, како и Груевски се одржува на власт со пари, корупција и моќ.

На криминалецот Груевски, Орбан му обезбеди политички азил, иако за него е одредена затворска казна во досието „Тенк“, а му следат уште неколку. Јанакиевски пак, го постави за директор на Унгарските трговски куќи за Скопје, да му биде човек преку кого ќе вртат милиони, и тоа јавни пари на унгарските граѓани. Тој проект на Орбан со трговските куќи е инсталиран низ неколку држави во регионот, но проследен беше со многу коруптивни скандали. Инаку, Орбан за директори на трговските куќи поставуваше лица познати на кривичната евиденција.

Покорноста на Јанакиевски пред Орбан, а со тоа и пред Груевски, се гледа при неговите јавни настапи кога тој поставува фотографија со Орбан зад него. Иако, малку познат за јавноста од времето на режимот, сепак  Јанакиевски е ден од многуте што пливал во матното време на ВМРО ДПМНЕ.

Од 2012-та до 2016-та неговата фирма бележи драматичен скок. Му се нижат тендерите и за тие години кога ВМРО ДПМНЕ е најмоќно, тој имал преку 100 тендери, вредни милиони евра. Нема многу да се погреши ако се претпостави дека дел од тие милиони завршувале и за финансирање на партијата на Груевски.

Јанакиевски не се задоволувал со многу, туку сакал премногу, па му се делеле тендери во болници, општини, државни институции, или едноставно добивал се што ќе посака, а тоа кај Орбан и кај Груевски има цена.

Значи, колку и гласно да вика ВМРО ДПМНЕ и да ја носи водата на друга воденица, сепак печатот дека Јанакиевски е вмровец не може да се избрише.

FRONTLINE

FRONTLINE

Next Post

Па и така овде правда никогаш и немало

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk