Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белата палата, кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинија Социјалдемократите.
„Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ” изјави портпаролот на СДСМ на прес конференција одржана пред седиштето на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Во својата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за овој проблем го обвини и поранешниот директор на Дрисла, Горан Ангелов.
“Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија и за кого се води истрага во соседна Бугарија.
Ако се знаат сите овие релации и пријателства на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно е кој стои зад ужасот со медицинскиот отпад и кој поттикнувал потенцијална опасност од ширење зарази. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ која заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина. ВМРО-ДПМНЕ ги труе луѓето со отпад. ВМРО-ДПМНЕ штети на здравјето на луѓето!” изјави Костадинов.
Тој во својата изјава го повика обвинителството итно да го решат случајот.