Познати личности од САД го спомнаа „Медена земја“ на своите профили на социјалните мрежи. Благодарни сме им ним и на сите други за поддршката и за убавите зборови, велат од официјалната Фејсбук страна на „Медена земја“.
На фотографиите прочитајте што кажаа за филмот: Даниел Заичик, музичар и композитор; Адам Кантор, актер и пејач, познат по своите улоги на „Бродвеј“; Едгар Рајт, режисер, сценарист и продуцент; Џејми Ли Кертис, актерка и писателка; Фил Лорд, режисер и сценарист; Ан Томсон, новинарка и уредничка во „Инди Вајр“; Мајк Бербиглија, комичар, сценарист и режисер; Зак Шарф, новинар; Лаура Дерн, актерка, режисерка и продуцентка и Сара Џесика Паркер, актерка.
Вечерва филмот се прикажува во Тетово, Прилеп, Кичево, Cineplexx MK и во Градско Кино Милениум.