Новиот премиер на германската сојузна држава Тирингија, Томас Кемерих, изјави дека ќе поднесе оставка откако победи на изборите со помош на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).
„Оставка е неизбежна. Мора да има нови избори“, изјави Томас Кемерих од партијата Слободни демократи, чиј избор предизвика револт низ земјата.
Канцеларката Ангела Меркел ги нарече изборите „непростливи“ и побара да бидат поништени.
Со години, главните партии во Германија ја избегнуваат АфД, па завчерашните избори беа опишани како политички земјотрес. Кемерих победи со еден глас повеќе од Бодо Рамелов, при што клучна била поддршката од АфД. За него гласала и ЦДУ на Меркел.
Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија (ФДП) во источната покраина Тирингија, беше прв во кој државен премиер победил со поддршка на АФД, со што е прекршен повоениот консензус меѓу големите партии да ја одбегнуваат крајната десница, наведе агенцијата.
„Мора да има нови избори. Ова е лош ден за демократијата, ден кој е спротивен на нашите вредности. Тоа не е начин на кој размислуваме во ЦДУ“, кажа Меркел.
Анегрет Крамп-Каренбауер, која во 2018 година ја наследи Меркел на чело на ЦДУ, изјави дека локалните одборници на ЦДУ не ја послушале инструкцијата на националното раководство во гласањето за Кемерих.
The premier of Germany's Thuringia state stepped down and called for snap elections. Thomas Kemmerich of the liberal Free Democrats was elected with the support of the far-right AfD, and that has prompted outrage in the country. @MKuefner explains: pic.twitter.com/o8qRnsaAHp
— DW News (@dwnews) February 6, 2020